Седмица 2-ра по Педесетница
Понеделник
Не грижете се (Мт.6, 31). Но, како тогаш да се живее? Треба да се јаде, да се пие, облекува. Меѓутоа, Спасителот не вели: „Не работете ништо“, туку - „Не грижете се. Не измачувајте се со грижи кои ве јадат и ден и ноќ и не ви даваат мир ни за миг“. Таквата грижа е гревовна болест. Таа покажува дека човекот се потпира на самиот себе и дека заборавил на Бога, дека ја изгубил довербата во промислата Божја и дека се што е во врска со него сака да направи единствено врз основа на својот труд, дека сака да добие сѐ што му треба а потоа и да го сочува со свои способности. Тој се приклонил со своето срце за она што го има, и мисли дека може да почива врз него како врз цврста основа. Љубовта спрема она што го има го врзала и тој само мисли на тоа као што повеќе да приграби во своите раце. Тој мамон во него го заменил Бога. Ти, меѓутоа, ако е до трудот - труди се, но немој да те притиска лошата грижа. Секој успех очекувај го од Бога и препушти им се на Неговите раце. Сѐ што ќе доживееш примај го како дар од рацете на Господа и во цврста надеж очекувај продолжување на Неговата милост. Ако Бог сака, од сиот имот на богатиот за една минута може да не остане ништо. Се е минливо како прав. Зарем тогаш заради тоа да се измачуваме себе си? Не грижете се!
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ (31.05.2010)
Предговор
Седмица 2-ра по Педесетница