Недела на сите Светии
Седмица 1-ва по Педесетница
Недела на сите Светии
Светата Црква секој ден молитвено ги спомнува светиите. Но, бидејќи имало и такви Божји угодници кои се подвизувале тајно и кои не се познати, светата Црква, за да не ги остави без почести, востановила ден во кој ги прославува сите оние коишто од почетокот на времето Му угодувале на Бога. Таа го прави тоа по слегувањето на Светиот Дух, затоа што сите светии станале и стануваат свети преку благодатта на Светиот Дух. Благодатта на Светиот Дух донесува покајание и опростување на гревовите, воведува во борба со страстите и похотите и подвигот го крунисува со чистота и со бестрастие. На тој начин се јавува нова твар погодна за ново небо и нова земја. Да се стремиме и ние да го следиме патот на светиите Божји. На кој начин - не учи Евангелието што се чита на денешен ден, и кое бара бестрашно исповедање на верата во Господ, љубов првенствено спрема Него, зимање на крстот, самоодрекување и оддвојување на срцето од се. Да почнеме и ние така.
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ -Св. апостол Андроник (30.05.2010)
Предговор
Недела на сите Светии
Седмица 1-ва по Педесетница