Недела на сите Светии
Седмица 1-ва по Педесетница
Сабота
Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние кои ве колнат, правете им добро на оние кои ве мразат и молете се за оние кои ве гонат (Мт.5,44). Без љубов нема никого во светот: се сакаат родителите и роднините, добротворите и покровителите. Но, љубовта кон родителите, роднините, патроните и добротворите е природно чувство, кое само по себе се изградува во срцето. Заради тоа Господ и не му придава вредност. Вистинската христијанска љубов се испробува во односот спрема непријателите. Љубов спрема другите не треба да згасне од лесна или случајна непријатност, напаст, гонење, беда и лишувања кои со намера ни се прават. Ние сме должни не само да ги благословуваме тие луѓе, туку и да им правиме добро, молејќи се за нив.. Погледни дали кај тебе е такво расположението спрема твоите непријатели. Според тоа суди дали е во тебе христијанската љубов, без која нема спасение?
Св. Теофан Затворник - МИСЛИ ЗА СЕКОЈ ДЕН ВО ГОДИНАТА
Извор: СВЕТОСАВЉЕ
Друго: Од Верскиот календар на МПЦ -Преподобен Теодор Осветен (29.05.2010)
Предговор
Недела на сите Светии
Седмица 1-ва по Педесетница