Денес, во манастирот на свети Максим Исповедник и свети Григориј Палама во Стар Дојран, Митрополитот струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија. Толкувајќи го денешното Евангелие, Владиката, меѓу другото, рече:
„Еден, пак, Самарјанин, кој патуваше, кога дојде до него, го виде и се сожали. И кога се приближи, му ги преврза раните, поливајќи ги со елеј и со вино; па, откако го качи на добитокот свој, го однесе во гостилница и се погрижи за него. А утредента, на кинисување, извади два динарија, му ги даде на гостилничарот и му рече: Припази го; а ако потроши нешто повеќе, кога ќе се вратам, ќе ти платам.“ (Лука 10, 33-35)
Сите сме ние гости на овој свет, кои повеќе кои помалку повредени од демоните – разбојниците, сместени од милостивиот Самарјанин на лекување во гостилницата – Црквата. Гостилничар е Епископот (или свештениците). Милостивиот Самарјанин – Христос му остава сѐ што му е потребно на гостилничарот за да ги догледа и излекува сите оние чии срца и души се повредени од демонскиот напад. Богочовекот Христос му остави на свештенството и личен пример и неисцрпна благодат така што повредениот гостин никогаш не може да потроши повеќе од тоа. Ветувањето за доплата се однесува само за малодушните гостилничари. Затоа, на гостилничарот му останува само совесно и смирено да ја изврши работата за која му е однапред платено. А ако работата ја заврши како дете Божјо (а не како наемник) трошејќи од себе и повеќе од она што му е платено, блазеси му на таквиот гостилничар кој Бога ќе Го направи свој „должник“. Него Бог ќе го направи син Свој по благодат, а каква било друга доплата веќе не е воопшто важна... Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!“
Today, in the monastery of Saints Maximus the Confessor and Gregory Palamas in Star Dojran, Metropolitan Nahum of Strumica celebrated the Divine Liturgy. While interpreting today’s reading from the Gospel, the Bishop, among else, said: