По повод Канадската недела на волонтеризамот која се одржува од 18 до 24 април, во неделата на 25 април 2010 во црквата Свети Никола во Винзор, по четрти пат беше организирана вечер на благодарноста кон дарителите и волонтерите.
Вечерта беше послужена братска трпеза на благодарност кон дарителите и волонтерите кои во измината година со многу пожртвувана доброволна работа или со парични донации го помогнаа живописанието на црквата и реновирањето и доградувањето на помошните простории.
Од името на црквата на присуните им се заблагодарија парохискиот свештеник прото-стафрофор д-р Александар Мустеников, претседателот Томе Дамчески и секретарката Лиле Ѓуровиќ.
За волонтер на годината беше прогласен господинот Стефо Крунтовски, долгогодишен член на нашата црковна општина кој со доброволна работа се вклучуваше во сите изведбени проекти не само минатата година туку и во изминатите 30 години и допринесе истите да се реализираат. За донатори на годината беа прогласени г. Менде и д-р Елизабета Талески. Исто така благодарници им беа доделени на истакнататите волонтери: Димитар Башевски, Том Василиадис, Трајан и Лета Митревски, Стан и Хелен Диму, Димитар Стојанов, Лиљана Цветковска, Том и Вики Шапарданов, Лора и Брендон Прокопец, Марк Бранов, Петре Костенчев и Глигор Стефанов.
Известува Г. Стефанов