ПСАЛМ 76
Утеха поради милоста на Бога која порано Му ја укажуваше на Својот народ
1 Со гласот свој викам кон Бога, со гласот свој кон Бога, за да ме чуе.
2 Во денот на тагата моја Го барам Бога ноќе, со издигнати раце кон Него неуморно; но душата моја не може да се утеши.
3 Го спомнувам Бога и воздивнувам, размислувам и духот мој малаксува.
4 Будни се очите мои, се вознемирив и не можам да говорам. Очите ми ги држиш отворени,
5 Размислував за дамнешните дни, и се сетив за старите години;
6 Размислував ноќе со срцето свое, а духот мој ме испитуваше;
7 зар Господ засекогаш отфрла и не сака ли повеЌе да биде благонаклонет,
8 или засекогаш престанала Неговата милост, и Неговите ветувања се пресекле за сите родови?
9 Зар Господ заборавил на штедроста Своја? Зар во гневот Свој ќе го затвори Своето милосрдие?
10 Па си реков: „Ова е мојата болка: десницата на Севишниот се изменила.”
11 ќе си спомнам за делата на Господ; ќе се потсетам на дамнешните чудесни дела;
12 ќе ги разгледувам сите Твои дела и ќе мислам на Твоите моќни дела.
13 Боже, Твојот пат е свет. Кој бог е толку голем, како нашиот Бог!?
14 Ти си Бог, Кој прави чудеса; Ти ја покажа силата Своја меѓу народите;
15 Ти со мишката Своја го избави Твојот народ, синовите на Јаков и на Јосиф.
16 Те видоа, Боже, водите, Те видоа водите и се разбрануваа, и бездните затрепереа.
17 Од облаците се излеа вода, загрмеа небесата зашто стрелите Твои пролетуваа.
18 Татнежот на Твојот гром се разнесуваш е низ виорот; светкавици ја осветлуваа вселената; Земјата трепереше и се тресеше.
19 Твојот пат водеше низ морето, Твоите патеки преку моќните води, но Твоите траги не се познаваа.
20 Ти ги водеше како стадо луѓето Твои преку раката на Мојсеј и Арон.
„Ќе му пеам на Господа се додека постојам. “
Од преполнетото срце на Давида и другите псалмописци, се изли копнежот на секое срце човечко да заедничари со Бога да испроси од Бога прошка за согрешенијата, изливајќи го низ благопријатната песна своето покајание пред престолот Божји и од Сесилниот Господ да побара заштита од злото кое постојано го притиска.
Секоја Богобојажлива душа колку повеќе ги чита светите псалми се повеќе во неа се буди радоста која произлегува од посетата на Божјата благодат и се влева во неа мир и сигурност од закрилата на цврстата закрила Божја.
Господ наш Исус Христос ги посочува и како пророштва за она што стана со Него а заради нашето спасение /лк.24.44/.Светите Апостоли пак ги препорачуваат на верните за усовршување во верата/Еф.5.19/. Великите отци наши /св.Атанасиј Велики , св.Григориј Ниски , св. Јован Златоуст .../со голема радост говорат за нивната душеполезност во своите беседи и одговори на верниците за поуките од псалмите, препорачуваќи ги на верните што повеќе да ги читаат. Светата Црква поделуваќи ги во таканаречени катизми ги распоредила во богослужбениот неделен циклус со цел да се прочита целиот псалтир за една седмица, а за време на Великиот пост и два пати. За жал денес катизмите честпати се прескокнуваат на богослужбите од причини да се постигне во време и другите обврски да можат да се завршат, а ако се земе во обзир и тоа што во многу храмови не се служзи секојдневно/ да не бидам погрешно сватен ова најчесто се случува од практична па и финансиска невозможност/за да не се маргинизира псалтирот и верните да не се исклучат од големите дарови кои произлегуваат од неговото читање се препорачува на верните покрај молитвеното правило во своите молитви да го практикуваат и читањето на псалмите со голема богобојазливост за да нацрпат од овој благодатен извор многу дарови за своја душевна полза - за мир, утешение, здравје и спасение .Амин!
о. Горан Тасески
ПСАЛМИ
Вовед
Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славословија кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102-104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144-149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95-98.
3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.
4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.
6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5-7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40-42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139-142.
8. Благодарствени псалми: 9-10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).
Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава. Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1-40, 2. Пс. 41-71, 3. Пс. 72-88, 4. Пс. 89-105 и 5. Пс. 106-151.
Извор: БИБЛИЈА
Друго:
Ново издание од Повардарската епархија (18.02.2010)
20 Колку големи и тешки маки ми прати, но Ти пак ќе ме оживееш, и пак ќе ме изведеш од земните длабочини.
21 Ќе ми го зголемиш достоинството и пак ќе ме утешиш.
22 И јас ќе ја славам на харфа Твојата верност, Боже мој; ќе Те воспевам на лира, Светецу Израилев!
23 Ќе се радува устата моја, кога ќе Ти пеам, и душата моја, која си ја избавил.
24 И јазикот мој секогаш ќе зборува за Твојата правда, кога ќе поцрвенеат и ќе се засрамат оние, кои ми пожелуваа зло.