Скопје, 18 април 2010 год- манастирска црква на св. вмч. Георгиј
На 18 април, во Недела на Мироносиците, кога Македонската Православна Црква го слави споменот на светите маченици Агатопод и Теодул и преподобен Марко Трачески, oтец Горан Тасески отслужи Божествена Литургија во манастирската црква на св.вмч.Георгиј, во Криви Дол, во Скопје. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови тајни.
Гостите од Словенија во нивниот турнус на посети на црквите и манастирите во Македонија, дојдоа и во Криви Дол.