Скопје, 18ч. - Во Светиот и Велики Четврток
-Соборниот храм на св. Климент Охридски
СЛУЖБА НА СВЕТИТЕ И СПАСИТЕЛНИ СТРАДАЊА НА НАШИОТ ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС
Во Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје , Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот г. Горазд и свешетнството на Скопската епархија , отслужи бдение со читање на 12 – те страдални Евангелија. По петото евангелие, Архиепископот г.г. Стефан го изнесе светото Распјатие, пред кое сите се поклонија.
Глас 6: Денес виси на дрво Оној што земјата ја обеси на водите; со венец од трња е крунисан Царот на ангелите; во смешна багреница се облекува Оној што небото го облекува со облаци; шлаканици прима Оној што во Јордан го ослободи Адама; со клинци се прикова црковниот Младоженец; со копје се прободе Синот на Дева: се поклонуваме на Твоите страдања, Христе, се поклонуваме на Твоите страдања Христе покажи ни го и славното Твое воскресение.
Не празнуваме како Јудеите, зашто Христос -нашата Пасха - се жртвува за нас, но да се очистиме себе си од секаква нечистотија и со чисто срце да Му се помолиме: Воскресни, Господи, и спаси не, како Човекољубец.
Крстот Твој, Господи, е живот и застапништво на Твоите луѓе и, надевајќи се на него, Тебе - распнатиот Бог наш - Те пееме, помилуј не.
Слава: богородичен: Гледајќи Те распнат, Христе, Твојата Мајка викаше: Каква чудна тајна гледам, Сине Мој, како умираш на крстот, распнат со тело, Дарителу на животот.