Претседателот на репуплика Австрија г. Хајнц Фишер во петокот на 19.03.2010 година, организираше прием за претставниците на верските заедници во Австрија. Г-дин Фисер на приемот се обрати до присутните гости потенцирајки дека новата средина во која што живеат и функционираат овие верски заедници не треба да е место во кое ќе се изгубат нивите корени и нивната верска култура и традиција но секако не треба ни да биде место во кое ке се развива национализам, расизам нити пак верска нетрпеливост. Овој прием на кој заеднички присуствуваат мноштво различни национални и верски заедници треба да биде еден пример за тој наднационален, верски и надрасен соживот и соработка. Потоа претседателот Фишер заедно со својата сопруга се задржа во краток пријателски разговор со секого кој имаше желба да поразговара со него, живо интересирајќи се за секоја зеадница, за нејзината активност и идни планови.
Нашата македонска православна црква беше претставувана преку МПЦО св. Наум Охридски, која долги години наназад се грижи за духовниот живот на нашите православни верници. На приемот присуствуваше надлежниот митрополит за нашите црковни општини во европската епархија г. Пимен придружуван од претседателот на ЦО св. Наум Охридски г. Димце Лазовски и архимандрит Арсениј Христов.
Митрополитот Пимен при посетата на Австрија се сретна и со нашинците од ЦО св. Наум Охридски во ново купените простории во кои нашиот верен народ веќе неколку месеци наназад се собира на богослужби во параклисот како и на дружење во заедничките простории, притоа информирајки се како тече акцијата за собирање на средства за отплата на објектот, преуредувањата и секако подготовките за Велигденските богослужби и празнувања.
Текст и фото: архимандрит Арсениј Христов