логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Денес, во Неделата на Света Марија Египетска, Митрополитот Струмички г. Наум отслужи Божествена Литургија во параклисот посветен на свети Пимен, свети Арсениј и свети Антониј во манастирот во Ново Село.

 

 

 

Демистификација на искушението


Па почна да ги учи дека Синот Човечки
треба многу да пострада,
да биде отфрлен од старешините,
првосвештениците и книжниците,
и да биде убиен и на третиот ден да воскресне.
(Марко 8, 31)

Велиме во Господовата молитва: „Оче наш... и не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот“. Дали, деца, ова значи дека ние од нашиот Небесен Отец бараме да не ни се случуваат искушенија и да немаме никаков допир со ѓаволот? Не! Тоа е невозможно. Ние само бараме правилно да ги надминеме оние искушенија што, соодветно на нашиот духовен напредок, и така треба да дојдат, а на стариот и потрошен ѓавол во лице да му се изнасмееме.

Што треба да знаеме ние за искушенијата?

Прво, искушенијата се потребни за да видиме што имаме во срцето. Без да ни се случи искушение и без да бидеме повредени од некого, ние не можеме да знаеме што имаме во срцето и какви сè страсти се кријат во него. Ако не се соочиме со своите страсти и ако не вложиме напор да го очистиме срцето од нив, нашиот духовен раст ќе биде оневозможен. Затоа и светите Отци од пустината се осмелувале да кажат дека кога би ги снемало искушенијата, никој не би можел да се спаси. За да ја сфатиме оваа мисла, треба да тргнеме од состојбата на нашата паднатост и болност, а да ја отфрлиме големата идеја за самите себе.

Второ, во сите искушенија што ни се случуваат треба да ја препознаеме неискажливата љубов и промисла Божја за нас. Оти и лекарот кога сака да ни помогне, да ни ја очисти и да ни ја сошие раната, презема дејства што моментално нè болат, а потоа се покажуваат како спасоносни.

И трето, никогаш Бог не допушта да ни се случат искушенија кои ја надминуваат нашата духовна и телесна сила. Ако ни изгледа дека такво искушение ни се случува, да бидеме сигурни дека тоа самите со некоја наша непромислена и гревовна постапка сме си го предизвикале. Мачеништвото е секогаш поврзано со умносрдечната молитва, а и со многу повеќе од тоа.

Многу е важно да се знае и следното, кое се однесува на реалноста на доживувањето на искушението:

Кога демонот ќе нè нападне – особено кога некој ќе го повреди нашето его – тој толку реално ни ја прикажува состојбата на тој напад и последиците од него, што ние мислиме дека работите се токму така како што ги чувствуваме и доживуваме во тој момент. Притоа духовно се затемнуваме, полни сме со лоши помисли и чувства кон оној што нè повредил. Толку реално ни изгледа таа ситуација, што едноставно повредени и заслепени од неа, заради поистоветеноста со нашите страсти, не знаеме ни што правиме ни што зборуваме ни што мислиме, заборавајќи на Бог и Неговите заповеди. Затоа и една од првите наши вежби во духовниот живот се состои во непоистоветување со своите помисли, чувства и желби додека не ги провериме со нашиот духовен отец. Тоа е послушание. Тоа е подвигот на одрекување од себеси.

Одрекувањето од себе, пред сè, подразбира одрекување од нашето гревовно, болно јас, кое заради гревовната навика просто се поистоветува со своите гревовни страсти – сластољубие, среброљубие и славољубие, кои стануваат негова втора природа. Токму, значи, заради нашето поистоветување со страстите и изобличувањето на ликот и подобието според кои сме создадени, Господ и нè повикува да се одречеме од себе, и да го земеме нашиот крст и да врвиме по Него (види Марко 8, 34). Одрекувањето од болното себе, од стариот човек во нас, е предуслов за исцелителна заедница со Бог. Здравите немаат нужда од лекар, а болните... Зашто не сум дошол да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание (Матеј 9, 12-13).

Што треба да не заборавиме во моментите на искушението, а што вообичаено забораваме?

Треба во тие моменти да не заборавиме дека нашата борба не е со тело и крв, туку со духовите на поднебесјето (види Ефесјани 6, 12). Ние, обично, за време на реално доживеаното искушение забораваме дека, според светото Евангелие, даровите од Светиот Дух се: љубовта, радоста, мирот, долготрпеливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста и сето она што е наведено таму (види Галатјани 5, 22-23). А тоа е сè спротивно од она што во тој момент ние го доживуваме: духовна темница, рој помисли, веќе подготвеност да вратиме со зло на зло (бидејќи мислиме дека некој ни направил зло); целосна духовна пореметеност и заборав на Евангелието. И сите тие состојби уште и засилени од демонското влијание. Тоа би требало да е доволно за да се вклучи нашиот внатрешен духовен аларм и да размислиме дали тоа што имаме намера да го направиме во тој момент е согласно со Христовите заповеди.

Како правилно да ги надминеме искушенијата?

Една реакција секогаш нè спасува и нè враќа на правиот пат за време на искушението, а тоа е кога не бараме човечка правда, туку ја бараме Божјата правда. Божјата правда е во тој момент да се погледнеме и да си речеме: „Гледај, сега, колку сум јас несличен со Христос. Дали Христос во мојата ситуација би ги имал тие чувства, тие мисли, дали би ги кажал тие зборови, дали би го направил тоа што јас го правам...“ На тој начин секогаш ја наоѓаме вината во нас – во нашата несличност со Христос. Човечката правда е во суштина враќање со зло на зло, а Божјата правда е кога на злото му враќаме со добро. Затоа секогаш, во секоја таква ситуација, самите себе се наоѓаме виновни и преку чинење на добро (како одговор на злото) се трудиме да станеме подобни на Христос. На првиот степен од духовниот развој секогаш да знаеме дека ние директно сме виновни; да не мислиме воопшто дека нешто друго се случува. Страдаме внатрешно заради заробеноста на нашето срце од страстите и заради лесниот пристап на демонот преку нив до него.

Потоа треба да Му се заблагодариме на Господ што ни ги отворил очите да видиме какви валканици се кријат во нашето срце. Благодарењето ќе биде аскетско затоа што сигурно на првиот степен ќе треба да се присилиме себеси на него и нема да го чувствуваме како природно да извира од нас. Трпението, исто така, ќе ни биде потребно заради неможноста моменталната лоша духовна состојба веднаш да ја исправиме; и да ги средиме дури и помислите, духовната затемнетост сепак ќе остане уште некое време. Уште, ќе треба да се смириме и да се осудиме самите себе уште полошо од она што ни го прават, од она што го слушаме дека го зборуваат за нас и од она што претпоставуваме или што демонот ни шепка дека го мислат за нас. И на крај, после ваквото самоосудување, треба да се молиме за нашите непријатели. Молитвата ја кажуваме сè до моментот додека не се врати мирот што претходно сме го имале и со Бог и во себе и со непријателот.

Значи, деца, треба да се научиме на друг внатрешен автоматизам, за разлика од досегашниот погрешен, при пресретнувањето на искушението: сами да се осудиме, другиот да го оправдаме, на Господ да Му заблагодариме и да се молиме, барајќи Го Бог, со ритам и на начин на молитва во која нема место за помисли, која ги опфаќа и тие што нè повредиле. Еднаш така, другпат така и – ете го опитот. Имајќи го тој опит, после полесно се поминуваат искушенијата. И да не заборавиме: рековме дека секој што ја бара вината за што било и во кој било случај надвор од себе, го напушта патот на нашите Отци, го напушта патот што води кон срцето, го напушта тесниот пат кон Царството Небесно и кон Царот Небесен... А, друг пат до Господ не ни постои!

Свети апостол Павле вели: Носете ги тежините еден на друг и така исполнете го законот Христов (види Галатјани 6, 2). Реченото значи дека треба да го поткреваме и носиме и крстот (тежините) на нашиот ближен, а не само својот личен. Тоа е втората, соборната, димензија на Крстот – кога не враќаме со зло на зло, кога не бараме човечка правда, тогаш на другиот му помагаме со својата љубов и му оставаме простор за покајание и време за спасение. Деца, сум ви рекол со кој внатрешен став треба да ги доживувате дури и непријателството и злото на луѓето против вас, за полесно да ги надминете: така како некој да бара од вас одговор на прашањето „ме љубиш ли...?“. А токму тоа и се случува: „непријателот“ со својата постапка, макар тоа да е потсвесно, бара да најде во нас трошка љубов за да се фати за нешто вистинско и да се извлече од ропството на демонот. 

Што произлегува од досега напишаното? Треба ли да се плашиме од искушението? Не, тоа секако ќе дојде. Треба да се плашиме од неправилното соочување со него. Правилно или неправилно соочување со искушението е прашање на живот или смрт за монахот (и за секој христијанин).

Тука се поставува и едно друго клучно прашање: „Зошто ние тогаш бегаме и од ситуации кои нам, заради нашата паднатост, ни личат на искушенија? Зошто бегаме од последното место и од тоа да им бидеме слуга на сите? Зошто бегаме од целосрдечното послушание? Зошто бегаме од волните и од неволните страдања? Или, зошто бегаме од таму каде што ни се чини дека нè ‘повредуваат’ и ‘онеправдуваат’? Зошто порадо не претрпите неправда? Зошто порадо не ја претрпите штетата? Но вие сами ги повредувате и наштетувате, и тоа браќата свои, вели светиот апостол Павле (1 Кор. 6, 7). Зошто се чувствуваме повредени? Поточно, зошто му се предаваме на тоа чувство и се поистоветуваме со него и постапуваме според него, наместо тоа да ни биде повод за покајание? Зошто сакаме да побегнеме од тоа што за нас е лек. Не знаеме ли дека со тоа се одрекуваме од Крстот Христов, од Христос и Неговиот пат, дека крајот на Неговиот пат е Голгота, дека крајот на секој еден од нашите патишта е Голгота?

И врз која основа ќе се наречеме на крај Христови, ако постојно го отфрламе Крстот Негов? Духот на овој свет е барање на некакво ‘духовно воскресение’ без смрт на стариот човек во нас и без Крстот на страдањата на очистувањето од страстите; духот на овој свет е барање на царство земно и неговите задоволства и угодности. Духот Христов е тежнеење кон Воскресение преку носење на Крстот Негов (страдањето и срамот во овој свет), кој има соборна димензија – спасение на целиот Адам; Духот Христов е барање на Царството Небесно. Затоа, ајде да го исправиме нашиот живот според Христовиот Дух, за да не си го упропастиме целиот монашки (или христијански) подвиг. Оти едниот Дух е живот и вистина, а другиот дух е прелест и смрт. До кога ќе живееме во прелест, како поделени личности? Токму заради обземеноста со духот од овој свет, истите луѓе кои Го дочекаа со слава Христос во Ерусалим, мислеќи дека е Тој овоземен цар и месија, само после неколку дена се откажаа од Него и побараа од Пилат да Го распне.

Затоа живееме во незнаење, затоа не напредуваме духовно, дури и назадуваме (во однос на нашиот почеток), затоа немаме умносрдечна молитва – заради обземеноста од духот на овој свет. Во контекст на досега кажаното, секој од нас треба да го смета својот животот до сега за промашен.

Има и многу други недообјаснети детали и неодговорени потпрашања на оваа тема, но тие им остануваат на избраните, односно на оние кои во пракса ќе се потрудат правилно да ги надминат искушенијата. Ним и деталите ќе им се разјаснат и на прашањата ќе добијат одговор. Ним им е дадено да ги знаат тајните на Царството Небесно. На другите ќе им биде кажано како во приказни – не дека се ова приказни, туку тие самите така си ги доживуваат. Оти гледаат и не видуваат, слушаат и не чујат, ниту пак разбираат. Оти срцето на овие луѓе закоравело (види Матеј 13, 10-15).

                                                                                                                      Митрополит Струмички Наум

 

 

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная