Стих: Седнат во своите мрежи:
Глас 8: Со моите помисли паднат меѓу разбојници, ми го заробија умот, мене бедниот, и со рани го покрија; сета душа ми ја повредија, и затоа на животниот пат лежам лишен од добродетели: еден свештеник, мислејќи дека сум неизлечив, ме одмина не обѕирајќи се на мојата болка; и левитот, кога ме виде, не поднесувајќи ги моите душегубни болки, ме одмина. Но Ти, Христе Боже, Кој благоволи да се воплотиш од Марија, а не да дојдеш од Самарија, со Твоето човекољубие, дај ми исцеление, излевајќи ја на мене милоста Твоја голема.
Стих: Со гласот мој повикав кон Господа, со гласот мој Му се помолив на Господа.
На 17 март 2010 година, во Недела на св. Јован Лествичник, кога Македонската православна црква го слави споменот на Преподобен Герасим, и светите маченици Павле и Јулијана, во храмот на св.Петка во Скопје, се ослужи Литургија на Претходноосветени дарови . Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
!6 ч. - храмот на св. Петка, Скопје
Читање на Покаен канон на св. Андреј Критски
Кондак, глас 6: Душо моја, душо моја, стани, зошто спиеш? Крајот се приближува, ќе се збуниш. Затоа разбуди се, за да те поштеди Христос Бог, Кој е насекаде и се исполнува.
Икос: Гледајќи го Христовото лекарство отворено, и здравјето што од Него му тече на Адама, ѓаволот беше ранет, и жално плачеше, и на својата дружина и викаше: Што да Му направам на Синот Мариин? Ме убива Витлеемецот, Кој е насекаде и се исполнува.