Времето по Литургијата го искористивме за мал разговор со нашите фудбалски репрезентативци, голманите Петар Милошески и Томе Пачовски кои беа присутни на богослужбата. Петар Милошески во моментов настапува за кипарскиот фудбалски клуб Енозис, а Пачовски Томе за Работнички Кометал. Во сабота, 16.11.2007 година, во Скопје ќе се одигра натпревар помеѓу репрезентациите на Р. Македонија и Хрватска за Квалификации во Европско првенство во фудбал, еден од нив ќе ја има честа и одговорноста да ја брани мрежата на Македонската фудбалска репрезентација. Од утре им почнува карантинот, а во св. Петка како и секогаш, доаѓаат за своето духовно укрепување и молитви.
Петар ни раскажа дека неговиот фудбалски клуб се наоѓа во градот Паралимни, каде тој и живее, во епархијата Фамагоста на Кипар. Тој секогаш кога е во можност редовно оди на Литургија во Соборниот храм посветен на св. Ѓорѓи во истоимениот град.
Посети:{moshits}