логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


. Отец Гаврил, каква е разликата да се биде монах во манастир на австралиска почва, наспроти да се биде монах во манастир на македонска почва?

Разликата е огромна. Најпрво да појдеме од фактот дека Медонија е библиска земја која Христијанството го има уште од самиот негов почеток. Првоврховниот св.ап.Павле бил првиот проповедник во Македонија, и не само св.ап. Павле туку и многу од другите Христови Апостоли мисионериле по нашата Македонија. На пример, Првоповиканиот св. ап. Андреј бил првиот организатор на македонската Црква кој поставил неколку апостоли за епископи по македонските градови. А да не ја заборавиме и Пресветата Владичица Богородица, Мајката Божја, која со своја нога стапнала во Македонија и ја благословила. И од тогаш па се до денес во Македонија има непрекинато православно христијанско предание.

А овде се е ново и испомешано. Во Австралиај нема такво предание, па според тоа и духовниот и уште повеќе монашкиот живот е многу потежок. Жртвата е голема, но ако е поттикната од љубов и послушание, тогаш и благодатта Божја е поголема. Само треба за се` да му се благодари на Бога и со љубов ја исполнуваме Неговата света волја.

Од друга пак страна ситуацијата е и многу слична. Во Македонија, заради атеистичкиот режим кој владееше во нашата земја, монаштвото беше на маргините. Но по повикот на САС на МПЦ, а најмногу од сите на Митроплоитот Петар, кој е и наш Митрополит, Владиката Наум, заедно со Климент, дојдоа од Света Гора за да се возобнови монашкиот живот во Републиката. Денес во МПЦ-Охридка Архиепископија има околу сто пеесетина монаси во над 20 заживеани манастири. Еве и сега, по барање на Митрополитот Петар, Владиката Наум ме испрати мене да го организирам монашкиот живот во овие простори. Нивното искуство ми е многу добродојдено.

2. Ве молам, за читателите на весникот, раскажете ни ја богатата духовна содржина на вашиот ден.

Условите за типичен монашки живот во нашата Епархија сеуште не се докрај исполнети. Но во многу од порано, работите се тргнати нанапред. Полека во манастирот се создава една здрава литургиска духовна  атмосфера. Со благослов на нашиот Владика почна да се исполнува оној монашки типик, кој јас го имав од нашите манастири во Македонија. Се станува рано наутро на синаксис и исполнување на ќелиното молитвено правило со Исисовата молитва: Господи Исусе Христе, помилуј ме! И понатаму од денот, во зависност од условите, со останатиот дел од типикот, со секојдневи утрени и вечерни служби и Литургијата како центар духовниот живот во Христос која секој ден освен во Вторник, кога е затворен манастирот заради потребниот одмор, се служи. Потоа ја проверувам електронската пошта, ги организирам работите и активностите во манастирот, на физички и духовен план. Пишувам текстови за нашиот Црковен весник 8 ми Ден, и ја одржувам веб страницата на манастирот,  во кои можете да го следите целовкупниот духовен живот во манатирот и каде можат да се прочитат и многу убави поучни нешта. Исто така сега е и во изградба и веб страницата на нашата Епархија за Австралија и Нов Зеланд.

Бидејки манастирот и духовниот живот овде е уште во надоградба понекогаш и морам да излегувам по работа од манатирот, но се трудам секогаш да ја имам молитвата на усните и Господа од мојата десна страна (сп. Д.А 2.27)  и како што вели Великиот Антониј, учителот на монасите: Каде и д одиш, секогаш имај го Бога пред своите очи и што и да правиш, секогаш имај потврда за тоа во Светото Писмо. Во се едно до секојдневниот живот ние можеме да извлечеме духовна полза за наше духовно надградување и спасение.

Покрај редовните актовност и обврски, според своите сили и можности и секако со благослов на Неговото ВисокоПреосвештенство г.Петар се заложив да се организира и активира младинската група на Епархијата МОЈА, со која секој Четврток од 20.00 одржуваме синаксиси (душеполезни разговори) . Исто така се организира и црковен хор кој пее според старото македонско црковно пеење, а од последно време одржуваме и часови по визнтискиот иконопис според позната македонска школа.


 
3. Какви доградувања му претстојат на манастирот во Донибрук оваа година?

За овие 4 години откако сум дојден овде, мислам дека манастирот (севкупното манстирско место со сите градби) е доста напреднат. Сето тоа, пред се, се остварува со доброволна работа и донации. Оваа можност ја користам јавно да и се заблагодарам на сите кои на свој начин помагаат во изградбата на мастирот, со физичка работа, донации, совет, па и секој оној кој кажал барем една молитва или добра мисла.

Што се однесува до изградбата на манстирската црква, таа е дојдена до фаза на издраба на двете куполи. Останува уште да се обложи со надворешен камен ѕид и тула, да се постави инсталацијата, да се измачка одвнатре и кровот. Потоа овде се и енетриерот во неа: иконостасот кој ќе е мермерен и ќе се изработува во МК. Плановите се дадени кај Владиката и тој е веќе дониран. Потоа надворешните врати, мермерниот под, транзените (прозорите), фреските и иконите…

Да напомениме и дека градбата не е лесна. Архитектонскиот план е изработена во Македонија, според тамошната архитектура која овде малкумина знаат да ја читаат и извршуваат. Фала му на Бога, и на св. Прохор, сепак се наоѓаат луѓе за тоа. Досега на пример е употребено 20 тони железо кое исто така е донација дел од наш макдонец, а повеќето од еден руски бизнисмен. Гледате дека доста е направено, но има уште доста да се прави. Потоа да не ги заборавиме и манастирските конаци, работилницата…

Овде можам да кажам дека секој кој сака може и да донира за манастирот. Жиро сметката ја има на нашата веб страница или пак лично во манастирот и секој за тоа ќе добие сметкопотврда. Манастиркиот број на сметката е:

Account Name:
 MOCDANZ - DONNYBROOK
 
BSB:
 063590
 
Account No:
 10270136

  

 4. Дали сте задоволен од посетеноста на манастирот од страна на нашите православни верници?

Генерално сум задоволен, но и не сум. Сум задоволен затоа што, како што веќе реков, веќе полека се организира правилен светотаински литургиски духовен живот со пост, молитва, исповед, причест… На неделните и празничните Литургии, да не грешам во мојата проценка, доаѓаат од 50-70 верници од кои повеќето се млади брачни парови. Тоа ме радува затоа што тука има и иднина. Но ќе кажам и дека не сум  задоволен, затоа што повеќето од нашите знаат да го посетуваат манастирското место само за големите пикници, а има и многумина кои никогаш не дошле.

Манастирот е тивко место за молитвена заедница со Бога каде можеме во мир и тишина да се помолиме на Бога и да побараме од него помош и олеснување од сите наши секојдневни грижи и проблеми кои ни ги носат пеколно брзото темпо на живеење и престижот за капитал. Тие можности на манастирот, за жал, малкумина ги користат. Секојдневните гужви ги имаме насекаде, но вакви тивки места, кое директно Господ ни го даде, ги немаме. Затоа да го искористиме. Овде има и играчки за децата каде можат нашите да си ги донесат и тие безбедно си играат итн.

5. На кои начини остварувате духовни и други контакти со монаштвото во Република Македонија?

Преку современите технички достигнувања денес се е овозможено. Со оние манастири кои имаат вградено интернет, комуницираме преку него, а со останатите преку смс пораки. Во почетокот кога дојдов тие комуникации ми беа попотребни, а сега откако се зафативме со градбата на манастирот и духовното раководство меѓу нашите овде, се помалку ми останува време за било каква конкретна комуникација. Меѓутоа најглавна наша комуникација е преку молитвата и љубовта во Светиот Дух во Црквата. Црквата не е храмот, Црквата не се активностите во Неа. Црквата е соборното тело на верниот народ собрано преку Светиот Дух во Христос, Кој што е изобразен преку епископот. Црквата е едно соборно тело, жив организам. Црквата е Телото Христово.

 

 

 

ПОВЕЌЕ... 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

Архимандрит Мелхиседек (Артјухин): Можеме ли да го промениме времето?

     Човек се подготвува за околностите однапред. Јас се подготвив и не се разочарав. За да останеш во добро расположение, мора да бидеш подготвен за сè. Како што ме научи еднаш...

 Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Со изградбата на „Свети Константин и Елена“ се надминавме себе си.

 „Изградбата на новиот храм кој го носи име на св. Константин и Елена на централната градска улица „Македонија“ во Скопје почна во далечната 2012 година. Но поради потешкотии околу финансирањето...

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Архива: Митрополит Струмички Наум: Молитва за цел свет (05.09.2020)

Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во...

о.Жарко  Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

о.Жарко Ѓорѓиевски: Преподобен Симеон Столпник; праведен Исус Навин

Таков е случајот и во денешниов евангелски текст. Обидувајќи се да објасни кои се тие повиканите во Царството Божјо, Господ Исус Христос кажува приказна за свадбата на царскиот син. Во...

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

БEСEДА за силата и мисијата Христoва, какo штo прoрeкoл Исаија

Духoт на Гoспoда e врз Мeнe. Зoштo Oн тoа гo гoвoри кoга e рамeн на Духoт какo и на Oтeцoт? Заради свeдoштвo на луѓeтo, какo штo тoлкува св. Златoуст. Нe...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

Митрополит Струмички г. Наум: Немаме ли личен однос со вистинскиот Бог, се наоѓаме во енергетско растројство

      Затоа што единствениот вистински Бог е и несоздаден, така што кога нашата создадена енергија ја насочуваме кон Неговата и кога стапуваме во заедница со Неговата несоздадена енергија да може...

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

Митрополит Струмички Наум: Словесно стадо (Пастир, овци и кучиња) - 15.08.2020

    Христос сам ги изнесе нашите гревови на дрвото со телото Свое, та за гревовите да умреме, а да живееме за правдата: „преку Неговата рана се исцеливте“. Зашто бевте како...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

06/10/2025 - понеделник

Зачнувањето на Св. Јован Крстител; Светата маченичка Ираида; Светиот новомаченик Никола Пантопол; Светиот новомаченик Јован;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Божји пророк Јона  5 октомври/22 септември  2025

Тропар на светиот Божји пророк Јона 5 октомври/22 септември 2025

Јона пророкот Божји денес го прославуваме о, верни, преку него ја видовме милоста Негова,Оној Kој човекот го создаде, Тој &...

Тропар на св. Христов апостол Кодрат  4 октомври/21 септември  2025

Тропар на св. Христов апостол Кодрат 4 октомври/21 септември 2025

Светлината Христова преку тебе о Апостоле Кодрате,го посрами мудрувањето елинско,но гордоста на тие што седат во смртна сенка удри по...

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември   2025

Тропар на св. Христов великомаченик Евстатиј Плакида, неговата жена Теопистија и децата Агапиј и Теопист 3 октомври/20 септември 2025

Господ вистинската Светлина, ја покажа силата на вистината преку учителотваш Максим, о маченици и исповедници Анастасие и Анастасие.Единиот жив ковчег на благодатта...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная