Денес среда 24.02.2010 година кога Македонската православна црква го прославува светиот великомаченик св. Георги Кратовски, Македонската православна црковна општина посветена на овој наш македонски светител, во Хамбург СР Германија свечено го прослави својот патронен празник.
Со благослов на Неговото Високопреосвестенство Митрополитот Европски г. Пимен, Литургија на Предходноосветени дарови, отслужи архиерејскиот заменик на МПЕ за Европа, прота-ставрофор Блазо Кожарски. На Литургија која за прв пат се служи во оваа црковна општина, присуствуваа голем број на верници и почитувачи на Македонската православна црква, а голем број на верници се причестија со Телото и Крвта на Господ Исус Христос.
На крајот од светата Литургија се благословија и прекршија славските колачи, припремени во чест и слава на светиот великомаченик Георги Кратовски.Кумови за оваа година беа фамилијата на Биргит и Тони Георгиеви, а за наредната година кога ќе прославува ЦО 20 годишен јубилеј од постоењето се јави семејството на Љупка и Блаже Јовановски од Хамбург. Потоа беше приредена заедничка посна трпеза на љубовта во просториите на црквата “ Ст. Маркус “ за сите присутни.Свеченоста со своето присуство ја зголемија Неговата Екеленција почесниот конзул на Р. Македонија во Хамбург г. Ханс- Јурген Бес и старешината со своите соработници на црквата “ Ст. Маркус “ која
ја користиме за нашите духовни потреби пастор Неин.
Нека ни е честит и за многу години храмовиот празник.
За Преминпортал од Хамбург:
Васко Шопов