Скопје- на 07.02.2010то Лето Господово.
Ахримандрит Партениј и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан, благоизволи дел од светите мошти на св. Серафим Саровски да пристигнат во Скопје на поклонение на денот кога се празнуваат светите Григориј Богослов и св. Владимир Киевски. Светите мошти беа донесени во храмот Св.Спас, н. Драчево, Скопје, рано наутро наутро, при што се отслужи воскресна утрена со почеток во 07 и 30 и света Божествена Литургија, на која пееа учениците од Македонската православна богословија “Св. Климент Охридски” . На Литургијата многубројниот верен народ се шричести со Светите Христови Тајни.
Божествена Литургија во Св. Спас, н. Драчево, Скопје (07.02.2010)
Жар ангелски
Сè со радост примајќи, со ревност
поучувајќи и силно прегрнувајќи го
народот го испраќаше.
Равноста твоја гореше за Христа да го носиш
и целиот собитијно да Му се предадеш.
На бедните татковски им помагаше,
а на горделивите со глава
наведната смирение им покажуваше.
Милитвено гореше кон Небесата и името
СЕРАФИМ
го носеше, со живот ангелски на
земјата се прослави.
Во Саров ти тихуваше и секој ден
словото Божјо во луѓето го сееше,
а денес ние твојот спомен со
славиме и на твоите свети мошти
литијно се поклонуваме!
РАДУВАЈ СЕ ПРЕПОДОБЕН СЕРАФИМЕ,
САРОВСКИ ЧУДОТВОРЧЕ!
Богослов
Стојанче Андов
Благодат се изли и врз Скопје (1) (06.02.2010)
Известуваат:
- учениците од МПБ
- сестрите од манастирот во Рајчица
Друго:
- Св.Серафим Саровски - МАЈКАТА БОЖЈА - РАНА НА ДЕМОНИТЕ
- Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ (3)
- Св.Серафим Саровски - ЦЕЛТА НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ЖИВОТ (2)
- Светите мошти на св. Серафим Саровски ќе пристигнат во Скопје на поклонение (05.02.2010)