логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



Празникот посветен на јавувањето Божјо – Богојавление (Водици),  свечено со празнични богослужби и во присуство на многуброен народ се одбележа во Охрид и Струга. Утрото, на 19 јануари во црквата „Света Богородица-Каменско“ во Охрид, се служеше света архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополит г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители од охридското архиерејско намесништво. По завршувањето на божествената Литургија, Владиката заедно со свештенослужителите и верниот народ во свечена литија се упатија кон градското пристаниште, каде што се изврши голем Богојавленски водосвет и се фрли крстот во осветените води на Охридско Езеро. Повеќе од 1 200 верници скокнаа по крстот во осветените води, а меѓу нив најсреќен беше Јован Рилков кој го фати светиот крст. Кон верниот народ, Владиката се обрати со празнично слово кое во целост ви го пренесуваме.

       

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги браќа и сестри,

Од преголемата љубов кон човечкиот род, Синот Божји доаѓа на земјава примајќи го човечкиот лик. Преку Господа Христа, ние ја видовме славата Божја. Ние, пред неколку дена си спомнувавме за простите и доверливи срца на витлеемските пастири на кој ангелот Божји им ја објавил веста за доаѓањето на Христа во светот. Исто така, си спомнавме како трите мудреци од исток дошле да му се поклонат и да Му принесат дарови во пештерата. Денеска, пак, си спомнуваме за Неговото доаѓање на водите јордански и го слушаме сведоштвото за Него преку пророкот свети Јован Крстител, кој вели: „Еве го Јагенто Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе” (Јов. 1, 29).

            Јагнето Божјо е жртва за нас и заради нашите гревови. Претечата сведочи за Него пред своите ученици и народот: „Јас не Го познавав, но дојдов да крштавам со вода, за да биде Он објавен на Израилот” (Јов. 1, 31).

            Преку водите Јордански Христос го започнува своето земно служење. Водата - тоа е животна стихија. Таа стихија може да биде и погубна и смртоносна. Од првите страници на Светото Писмо ние дознаваме за водата, која е живот на земјата и на сè што ја населува. Водата ја има силата на миење, очистување и обновување. Господ посакал да го започне својот искупителен подвиг на земјата со стапнување во јорданските води, со крштевање во водата - таа вода во која до Него многумина, според проповедта на свети Јован Крстител, се каеле и ги миеле своите гревови.         Христос, во сè е сличен на нас освен во гревот. Тој нема потреба од измивање бидејќи нема грев, Он доаѓа за да го измие во водата и да го потопи во водата гревот на земјата. Како водата од сеопштиот потоп, која имала за цел да го истреби гревот, кој не можел да стои пред лицето на Отецот, сеопштиот Судија, така и јорданската река, прима од Христа нова сила и нова благодат. Таа била должна да ги потопи сите гревови на луѓето и сите негови разрушителни последованија. Ете зошто денеска ние се радуваме на овој евангелкси и спасителен настан. Ја осветуваме водата и се молиме, преку причестување со водата да вкусиме благодатно осветување кое не води во вечен живот. Осветената вода Црквата во своите молитви ја нарекува Богојавленско божествено благословување и истата ја нарекува голема светиња. Верниците со таа света вода се причестуваат се замиваат, ги осветуваат своите домови, ја чуваат во своите домови за заштита од разни болести, за избавување од душевни маки и очистување од секакво зло. Со своето крштевање Христос ја повратил природата на водата, нејзината првосоздадена чистота и силата на животот и благодатта.

Во јорданските води, Христос влегува и го зема на своите пречисти плешки Крстот, односно гревот на севкупниот човечки род, на поранешниот и идниот, го зема за да го победи и да даде слобода на секоја христијанска душа.

Денеска Господ се јавува на целиот свет, и се открива на секое верно срце. Како да не се исползува тоа? Како да не се прими неговиот божествен повик со кој постојано ни се обраќа со љубов во сите прилики на нашиот живот, како во моменти на радост така и на жалост. Тој секогаш е со нас: „Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот” (Мат. 28, 20). Да се приближиме кон Него, Секадеприсутниот, да се потрудиме за очистување на својата волја и своите чувства, и така очистени да се претставиме пред Бога, праведни и неосквернети. Таквите Господ ги познава и ги прима, и на таквите име се открива: „Блажени се чистите по срце, оти тие ќе го видат Бога!” (Мат. 5, 8)

Да му искажеме голема благодарност на семоќниот Бог во трите лица, Кого Го славиме и Му се поклонуваме, Кој ни се јави и ни се откри на јорданските води, заради нас, луѓето, и заради нашето спасение. Да се стремиме кон Него со вистинска правда, со вистинска љубов и вистински живот. Господ ни дал голема радост и можност да бидеме чеда Божји. Да го примиме тој дар и да испросиме, сега, од Бога помош и озарување од Светиот Дух, та секогаш да можеме да одиме по вистинскиот и праведен пат, и да го прославуваме Неговото свето и божествено име, сега и во сите векови. Амин.

 

 

 

 Потоа, Владиката изврши голем Богојавленски водосвет и во Струга, и во осветените води на реката Црни Дрим се фрли светиот крст. Огромен број на верници беа присутни на овој голем настан, меѓу кои беше и Претседателот на Република Македонија, неговата екселенција г. Ѓорѓе Иванов како и други личности од јавниот живот во Македонија. Најсреќен помеѓу оние кои скокнаа во осветените води на  Дрим беше Томе Голабоски кој го фати светиот крст.

 Известува: ѓакон Николче


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Старец Георгиј Капсанис - ЗНАЧЕЊЕТО НА БОЛКАТА ВО НАШИОТ ЖИВОТ

Во оваа нова состојба се чини дека смртта и болката имаат позитивно значење, како другата кожна облека со која Бог ги облекол Адам и Ева кога го напуштиле рајот за...

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

Вознесение во Христос или идолопоклоничко превознесување

  Луѓето тежнеат кон правење идоли. Идол е сѐ она што човекот го става на прво место во своето срце, наместо Бог и наместо духовното растење во Бог. Луѓето сакаат...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

 Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Митрополит Струмички Наум: Недела на слепородениот

Се случија две средби помеѓу слепородениот и Христос: првата додека уште беше слеп; и втората, откако прогледа и откако Го оправда Христос пред фарисеите. И фарисеите двапати се сретнаа со...

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

Митрополит Струмички Наум: „Литургијата и на почетокот била Тајна Вечера, а не јавен доручек.“

       Така, како што веќе напишав: ниту почетокот, ниту крајот на начинот на служењето на Светата Литургија се и ќе бидат исти со денешниот – ниту некој Собор ја прогласил за...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Жарко Ѓорѓиевски: Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)

Eвангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Митрополит Струмички Наум: Христијанин без срце кое гори во молитва...

Ако Божјите информации што доаѓаат од словото на духовниот отец, од Светото Писмо, од делата на Светите отци ги прифаќаме само на ниво на разум, без да ги прифатиме во...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

08/06/2025 - недела

Слегување на Светиот Дух- Педесетница

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Тропар на ПЕДЕСЕТНИЦА (08.06.2025)

Благословен си, Христе Боже наш, Кој премудри ловците ги покажа,кога им го испрати Светиот Дух,и со нив ја улови вселената,...

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител  7 јуни/25 мај  2025

Тропар: Трето наоѓање на главата на свети Јован Крстител 7 јуни/25 мај 2025

Пророче и Претечо, Христос ни ја откри твојата глава како божествена ризница скриена  во земјата. Затоа, собрани сите во денот...

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Тропар на преп. Христов столпник Симеон Дивногорец 6 јуни/24 мај 2025

Помазаник на Божјата благодат, од утроба посветен на славословие Господово, Симеон стана огнен молитвеник од земјата до небото, цврста поткрепа во Бога имајќи,...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная