Денес, 21 јануари, вторник, во согласност со договорот за посета на Манастирот после Божикните и Богојавленските празници, Бигорскиот манастир свети Јован Крстител го посети министеркта за култура во Владата на РМ г-ѓа Елизабета Канческа Милеска, придружувана Директорот на Управата за заштита на културно наследство г-дин Паско Кузман и директорот на Националниот конзерваторски центар г-дин Бехиџудин Шехапи. Гостите ги пречека игуменот на Манастирот, архимандрит Партениј. Тој најнапред им покажа како е превентивно заштитен опжарениот дел, со што сите се согласија дека се исцрпени сите фази кои беа препорачани во превенитвниот дел на Комисијата која изврши стручен увид и извештај. Потоа гостите го разгледаа Источниот Палат кој е веќе пред завршните фази.
На состанокот кој следеше во Игуменските простории, со дозвола на Директорот Шехапи, диа Ѓурѓица Лековска, која работи на заштита на сакрално наследство и учествувала во сите фази на Проектот на Долни Палат и Источен Палат, накратко елаборираше за динамиката при изработката на проект на конзервација и реконструкција на Горни Палат.
Сите се согласија дека досегашните активности се домаќински изработени и дека е неопходно да се почитува динамичкиот план, со кој се предвидува Идеен проект со проектна програма за 6 недели, а набрзо потоа би следел Основен проект за архитектурата на трпезариите како прва и најитна фаза Основен проект за статика. После стручната контрола би следела втората фаза за Основен проект за архитектура кај монашките келии ( источниот дел од Горни Палат) за на крај да биде готов Основниот проект за статика за тој дел.
После стручната контрола, ќе може да се работи низ целиот објект (станува збор за крај на април), а во меѓувреме би се изработувале фазите (електрика, водовод, греење, ППЗ, аларми и ревизии).
Беше спомнато и тоа дека досега се работело крајно домаќински со заштеда на буџетски средства и тој тренд ќе продолжи со минимални трошоци при изработката на Проектот.
Интересно е да се каже дека во првичната санација на Трпезаријата ( односно Подрумот) учествува фирмата Спиде Платинум која единствено во Македонија, па и пошироко, располага со технологијата и опремата на Аква дајн, од Тексас, САД, која работи со притисок од 1600 бари, и со млаз како игла, без потреси и вибрации би ги извадила прегорените фуги и оштетениот камен.