Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 81)
Рече Господ во приказна: верниот во малку и во многу е верен, а несправедливиот и во многу и во малку е несправедлив. Па така, ако во неправедното богатство не бевте верни, кој ќе ви го довери вистинското? И ако во туѓото не бевте верни, кој ќе ви го даде вашето? Ниеден слуга не може да им служи на двајца господари; зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака, или на едниот ќе му угоди, а другиот ќе го презре. Не можете да служите на Бога и на Мамона.“ Сето тоа го слушаа фарисеите, што беа среброљупци, и Му се потсмеваа. И им рече: „Вие се прикажувате пред луѓето за праведни, но Бог ги знае вашите срца; зашто, она што е за луѓето високо, пред Бога е мерзост. 3аконот и Пророците беа до Јована; а оттогаш царството Божјо се благовествува и секој со сила влегува во него. Но полесно им е на небото и на земјата да преминат, отколку една црта од Законот да пропадне.
Секој, што ја остава жената своја и се жени со друга, прељубодејствува, и секој, што се жени со напуштена, прави прељуба.
Денес, во триесет и втората недела по Пердесетница, кога Светата Црка го слави празникот на Собор на светите седумдесет aпостоли, и преподобниот маченик Онуфриј Хилендарец, во храмот на св.вмч. Димитриј во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.