14 јануари 2010 год- храм на св.вмч. Димитриј, Скопје
Во предвечерието на празникот посветен на светиот Серафим Саровски и светиот Силвестер, група на верници, со голема љубов, а во спомен и сеќавање на великиот светител и молитвен застапник наш пред Бога, Серафим Саровски, Му пренесовме пофално слово (Акатист), на кој се помоливме да ни подари смирение и со љубов да ги поднесуваме своите искушенија, како што тој истиот заради Христа храбро ги поднесуваше и на Бога Му благодареше.
По молитвите на светиот Серафим Саровски, Господ да не спаси и помилува!
Радувај се свети Серафиме, Саровски чудотворче!