10 јануари 2009 год.- манастир на св. вмч. Димитриј, с. Мркова Сушица (скопско)
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 74)
Во она време се случи во саботен ден да влезе Исус кај еден од фарисејските старешини и јадеше леб; а тие пазеа на Него. Одеднаш застана пред Него еден човек, болен од водена болест. И кога одговори Исус, им рече на закониците и фарисеите, велејќи: „Дозволено ли е да се лекува во сабота?“ А тие замолкнаа. И како се допре, го излекува и го испрати. Потоа им рече: „Кој од вас, ако му падне в бунар вол или осле, нема да го извади веднаш, и тоа во саботен ден?“ Не можеа да Му одговорат на тоа. А кога забележа, како поканетите избираат први места, им кажа парабола и рече: „Ако те покани некој на свадба, не седнувај на првото место, за да не влезе некој од гостите и да биде со поголема чест од тебе, и да не дојде оној, што ве поканил и тебе и него, па да рече: ,Отстапи го местото на овој!’ и тогаш, засрамен ќе седнеш на последното место. Но, кога ќе бидеш поканет, отиди и седни на последното место, та оној, што те поканил, штом дојде, да ти каже: ,Пријателе, премести се погоре!’ Тогаш ќе имаш чест од гостите, што седат со тебе. 3ашто,секој што се издига, ќе биде понизен; а тој што се понизува, ќе биде издигнат.
Марков манастир на денот на Светите Дваесет илјади никомидиски маченици.