Во Соборниот храм на св. Климент Охридски во Скопје, во триесет и првата недела по Педесетница, на денот на преподобен Наум Охридски Чудотворец и свети Нифонт Чудотворец, се отслужи Божествена Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 24)
Во она време се задржа Исус на едно рамно место; беа таму и мнозина Негови ученици и многу луѓе од цела Јудеја и Ерусалим, и од приморјето Тирско и Сидонско, кои беа дошле да Го чујат и да се исцелат од болестите свои, како и оние што страдаа од нечисти духови; и се излекуваа. И сиот народ сакаше да се допре до Него, зашто од Него излегуваше сила и ги лекуваше сите. А Он, како ги подигна очите кон учениците Свои, им говореше: „Блажени сте вие, сиромашните, зашто ваше е царството Божјо! Блажени сте вие, што сега гладувате, оти ќе се наситите! Блажени сте вие, кои сега плачете, оти ќе се насмеете! Блажени ќе бидете, кога ќе ве намразат луѓето, и ќе ве одделат и похулат, и го исфрлат името ваше како лошо, заради Синот Човечки! Зарадувајте се во оној ден и развеселете се, оти голема е наградата ваша на небесата. Зашто така постапуваа со пророците и нивните татковци!
Соборниот храм на на денот на преподобен Наум Охридски Чудотворец.
Посети:{moshits}