Соборен архиепископски храм Св. Климент Охридски, Скопје
Во дваесет и петтата недела по Педесетница, на празникот на празникот на светиот великомаченик Мина, и преподобен Теодор Студит, во Соборниот ахриепископски храм на св. Климент Охридски во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 68)
Господ рече: „Кој е тој верен и мудар слуга, кого го поставил неговиот господар над своите слуги, за да им дава потребна храна навреме? Блазе на тој слуга, чиј господар, кога ќе дојде, го затече така да постапува! Вистина ви велам, дека тој ќе го постави него над целиот свој имот. Ако, пак, тој слуга рече во срцето свое: ,Нема скоро да дојде мојот господар!’, па почне да ги бие слугите и слугинките, да јаде и пие и да се опива, господарот на тој слуга ќе дојде во ден, во кој не очекува, и во час што не го знае, па ќе го оддели и ќе го постави меѓу неверните. А оној слуга, кој ја знае волјата на својот господар и не се приготвил и не постапил според волјата негова, ќе биде многу биен. Кој, пак, не знаел и направил нешто достојно за казнување, ќе биде малку биен. Кому е многу дадено, многу и ќе се бара од него; и кому му е поверено повеќе, повеќе ќе се бара од него.
Друго:
денарска жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола
девизна жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22
Телефони за донација:
070 / 075 / 077 143 444