На 22. 11. 2009 година, Дваесет и четврта Недела по Педесетница; Преп. Матрона; св. Нектариј Егински; св. Јован Колов, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија во Соборниот храм Св. Николај во Штип. На крајот од Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа пригодна беседа и верниот народ го причести со Телото и Крвта Христови.
Истиот ден во 12 часот, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во истиот храм, ја изврши Светата Тајна Брак на над 65 возрансни брачни прарови. Во своето обраќање Митрополито г. Иларион на брачните парови Им ја честита Светата Тајна Брак и Им посака долг живот и преуспевање во верата бидејќи токму денес се радува и Небесната и Земната Црква бидејќи тие ја исполниле и оваа Света Тајна по што можат активно да учествуваат во Живата Христова Црква.
Известува: протоѓакон Саше Ристов