22 ноември 2009 год.- манастир на Успение на Пресвета Богородица
Свето Евангелие од светиот апостол Лука (зач. 39)
Во она време, пристапи кон Исуса еден човек, по име Јаир, кој беше управник на синагогата. Па кога падна пред нозете Исусови, Го молеше да појде во домот негов, зашто имаше една единствена ќерка на дванаесет години и таа умираше. А кога одеше Исус, народот се туркаше во Него. И една жена, која страдаше дванаесет години од крвотечение, и сиот свој имот го беше потрошила по лекари, а ниеден не можел да ја излекува, пристапувајќи одзади, се допре до крајот на Неговата облека и наеднаш ѝ престана крвотечението. И рече Исус: „Кој се допре до Мене?“ А кога сите се откажуваа, Му рече Петар и оние што беа со Него: „Учителе, народот Те опколил и Те притиска, а прашуваш: ,Кој се допре до Мене?’“ Но Исус рече: „Некој се допре до Мене, зашто сетив дека излезе сила од Мене.“ Жената, штом виде оти не може да се сокрие, со треперење пристапи, па како падна пред Него, Му кажа пред сиот народ зошто се допрела и дека веднаш оздравела. А Он ѝ рече: „Не бој се, ќерко, верата твоја те спаси; оди си со мир!“ Додека Он уште зборуваше, дојде некој од управникот на синагогата и Му рече: „Ќерка ти умре; не мачи Го Учителот!“ Но Исус, штом го чу тоа, одговарајќи, му рече: „Не бој се! Само верувај и ќе биде спасена!“ А кога пристигна во куќата, никому не му позволи да влезе, освен на Петар, Јован и Јаков, и на таткото и мајката на девојката. Сите плачеа и ридаа по неа. Но Он им рече: „Не плачете, таа не е умрена, туку спие.“ И Му се потсмеваа, знаејќи дека е умрена. А Он откако ги истера сите, ја фати за рака и извика, велејќи: „Девојко, стани!“ И се поврати нејзиниот дух, и се дигна веднаш, и заповеда да ѝ дадат да јаде. И се зачудија родителите нејзини. А Он им заповеда, никому да не кажуваат за тоа што стана.
Во дваесет и четвртата недела по Педесетница, на празникот на светите маченици Онисифор и Порфириј, преподобен Јован Колов и преподобна Матрона Цариградска , во манастирската црква Успение на Пресвета Богородица во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Друго:
денарска жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола
девизна жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22
Телефони за донација:
070 / 075 / 077 143 444