Денес, во соборната црква на Света Софија во Охрид се одржа IV Семакедонски црковен собор. На Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежниот Митрополит Дебарско-кичевски и плаошко-струшки г. Тимотеј, Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и повеќе свештенослужители од нивните епархии, a во присуствo на многуброен верен народ. После Литургијата се одржа свечена академија. Соборот заврши со свечен ручек за сите присутни.
Охрид - 25 октомври 2009 год.