Македонската Православна Црква ’’Свети Никола’’ - Тотова Њу Џерзи на 17 Октомври го прослави својот 15 годишен јубилеј.
Со вечерната богослужба во црквата, отпочнаа чествувањата на овој јубилеј. Вечерната богослужба ја изврши парохискиот свештеник Марјан Димитриевски во присуство на многу верници, а на крајот од вечерната се подигна и петолебие за здравје и спасение.
По вечерната богослужба, во црковната сала ’’Александрија’’ продолжи и вториот дел од прославата. На прославата со поздравни зборови кон присутните се обратија: Амбасадорот на Р. Македонија во САД г-н Зоран Јолевски, Конгресменот на ЊуЏерзи г-н Бил Паскарел,
Парохискиот свештеник Марјан Димитриевски и претседателот на црковната управа г-н Иван Марковски. На оваа свеченост присуствуваа и
Генералниот конзул на Р. Македонија во Њу Јорк г-н Звонко Муцунски, почесниот конзул на Р. Македонија во Њу Џерзи г-н Славко Маџаров, Архиерејскиот намесник за источна Америка прота -ставрофор Слободан Петковски и претседателот на црквата ’’Св. Кирил и Методиј’’.
Свечениот дел од програмата ја водеше секретарот на Црковната Управа г-ѓа Дивна Поповска.
Известува прзвитера Анкица Димитриевска