10 октомври 2009 год- храм на Рождество на Пресвета Богородица
Со осветувањето на возобновениот храм на Рождество на Пресвета Богородица, Македонската Православна Црква, ја одбележа десетгодишнината од востоличувањето за Поглавар на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.
На многаја лете блаженејши владико свјатиј!
На 10. 10. 2009 година, во осумнаесеттата недела по Педесетница, на денот на светиот маченик Калистрат, светите апостоли: Марко, Аристарх и Зинон, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил, Митрополитот Дебарско-кичевски и Плаошки г. Тимотеј, Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Американско-канадски г. Методиј и Епископот Хераклејки г. Климент, ја освети возобновената црква на Рождество на Пресвета Богородица на Средно Водно. По чинот на осветувањето беше отслужена Божествена Литургија. На Литургијата многубројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
На крајот од Архиерејска Литургија Поглаварот на МПЦ, г.г.. Стефан одража пригодна беседа заблагодарувајќи им се на сите ктитори и градители на овој свет храм, и „порта Небесна“, и посочувајќи ги почетоците околу возобновувањето на овој свет храм, ја истакна верата и љубовта на видните жители од некогашното село Горно Водно.
Посети: {moshits}
Друго:
денарска жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
500-000000-3835-65
Стопанска банка А.Д. Битола
девизна жиро-сметка:
МПЦ Дебарско-кичевска епархија
Бигорски манастир Свети Јован Крстител
IBAN MK07500701000133139
Депонент: Стопанска банка А.Д. Битола
SWIFT STBBMK22
Телефони за донација:
070 / 075 / 077 143 444