логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


  

Долгогодишните искушеници, Калиник, Калист и Јов, на ден 05.10.2009 година, во манастирската црква на Свето Преображение во Зрзе, примија мала схима, а искушеникот Рубинчо прими расо и име Тихон.

Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски Г. Петар ги поздрави монасите во своето пригодно слово:

Драги браќа во Христа, Калиник, Калист и Јов, драги брате Тихон кој прими расо, ретка е можноста во нашата Света Црква, по една Вечерна богослужба, да имаме ваков број на замонашувања. Вашето монашење не е плод само на вашата желба и љубов, туку е плод и на искуството што како расофорни монаси до сега го покажавте во манастирите, под послушание на вашиот духовен отец и игумен на оваа обител Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски Климент. Ние очекуваме од вас, уште поголеми подвизи од оние што до сега ги покажавте. Сведоци сме сите, а особено вие, кои тоа го потврдивте на нашите прашања, да дадете одговори дека оваа ваша определба, да Му служите на Бога како монаси, без ничија принуда, туку од добра волја и не наеднаш туку после неколку години послушание, под духовно раководство на вашиот духовник, на игуменот, тоа е гаранција. Но, во тоа не треба само да верувате, но и да го докажете понатаму, дека и понатаму ќе се трудите, не според вашите сили, но според Божјата благодат, да го постигнете она што мнозина го постигнале во нашата Света Православна Црква.

Не заборавете дека, немате ништо свое, дека с¢ што имате, с¢ е Божјо, дека љубовта кон духовникот, онаа искрена, вистинска Хрситова љубов, треба и понатаму да биде, послушанијата да не се извршуваат со негодување и роптање, туку со радост, макар тие и да се тешки и едвај за човечките сили подносливи. Трудете се, во вашиот живот да покажете, не според ликовите ваши дека сте вистински монаси, туку тоа да зрачи од душите и срцата ваши. Зашто, длабоко сме уверени, дека оние што во нашата Света Црква, во монасите и монахињите гледаат луѓе кои целосно му се предале на Бога и кои се пример за другите кои живеат во светот, нека се огледуваат на вашите подвизи за и тие да прават макар и минимални подвизи според оние што вие ги правите, за да можат и тие да ги спасат своите души.

Драги наши монаси и расофорен монаху, од вас очекуваме сето она што сте го научиле во животот, да го спроведете во дело. Затоа, не трудете се премногу да научите во текот на животот, туку она што сте го научиле или она што сте го прочитале, сето тоа, полека но сигурно нека легне во вашите души и срца и така како што слушнавме, како што вели Господ Исус Христос, да бидете светлина на светот, за да ги видат луѓето вашите добри дела и да го пофалат Отецот Кој е на небесата.

Нека ви е честито и од Бога благословено вашето монашење и Господ да ви даде пред сè, духовни и телесни сили, за да ги победите сите искушенија што ви доаѓаат во пресрет. Но, кога и да било, ако почувствувате слабост во вашиот живот, трчајте побргу до вашиот духовник и до мене, како старешина на сите манастири во оваа Епархија, да се исповедате за што побргу да се изборите со искушенијата. Нека ви е од Бога благословено вашето монашење. Амин!

 

 

 Известува: Весна Апостоловска

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

СВЕТИ АПОСТОЛ ПАВЛЕ - КОНТИНУИТЕТ НА ХРИСТИЈАНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ

Тоа е христијанскиот идентитет кој не може да биде заробен од детерминатите според паднатиот свет, оти ги надминува времето и просторот,

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

Митрополит Струмички Наум: Такви му требаат на демонот

 Демонот не сака да постојат вистински христијани, луѓе кои што автентично го сведочат Христос. Нему му одговара една млака, безлична

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Митрополит Струмички Наум: Лукав и прељуботворен род бара знак

Богочовекот Христос го исполни целиот Очев Домострој на нашето спасение и го вложи во нашето срце како подарок, преку 

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Митрополит Струмички Наум: Севкупниот христијански живот е давање

Нашиот однос кон Бог е давање. Само на тој начин ќе познаеме колку Он, веќе, целосно ни се дал, во Домостројот на Спасението.“

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

Повторување за повторувачите и поука за почетниците

А Светите отци, токму ваквото активирање на благодатта на Крштението од нашето срце, ни го одредиле како прва цел на нашиот духовен подвиг.

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Митрополит Струмички г. Наум: Oд личен опит ќе видите колку е милостив и благ Господ

Предание на Црквата се сведува на преданието на умно-срдечната молитва

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

Жарко Ѓорѓиевски - Недела I по Педесетницa

"Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието на секое создание." (Мк.16,15)  

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како да си го запазиме спокојството при животните бури

Како и да е, внатрешниот мир не треба, повеќе од нормалното – за нашиот духовен развој, да го губиме. Господ се грижи за нас и треба да имаме 

 Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

Митрополит Струмички Наум: Да се исплаши човек

  „Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во Царството Небесно, а оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец Небесен

« »

Најнови вести

Православен календар

 

18/07/2026 - сабота

Преп. Атанасиј Атонски; Преп. маченик Кипријан Нови; Преп. Лампад; Преподобномаченичка Елисавета Фјодоровна ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули  2026

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 15 јули/2 јули 2026

Ризата беше свечено пренесена и положена во црквата Влахерна. (Оваа црква ја соѕидаа царот Маркијан и царицата Пулхерија на брегот...

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Тропар на Собор на светите дванаесет апостоли - Павловден 13 јули/30 јуни 2026

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди 

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Тропар на св. Христови апостоли Петар и Павле 12 јули/29 јуни 2026

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете го Владиката на сите,да и дарува мир на вселената,а на нашите души голема милост.

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная