На 28.10.2007год. во чест на новомаченичката Св. Злата Мегленска се одржа Архиерејска Божествена Литургија во Загреб, за верниците на Македонската Православна Општина, чие име носи, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, МитрополитотЕвропски г. Пимен, а по повод 15 години од формирањето на оваа Црковна Општина, во сослужение на Протоереј Кирко Велински, парохиски свештеник.
На Литургијата на која притекнаа верници од Загреб и околината, присуствуваа и голем број оние кои сакаа уште еденш да се опростат со својот пријател Тоше. Меѓу нив беше и композиторот Мирослав Рус.
Во молитвите г. Пимен го спомна работ Божји Тоше.
Верниот народ прими Света Тајна Причест.
По духовната храна, присутниот народ се окрепи и на трпезата на љубовта.
Известува: Стојанка Тежак