Премин Портал

Кожувчанка


 vinjeta.m.jpg

ПСАЛМ 17

Благодарност за чудесното спасение

1 Те љубам, Господи, крепост моја!
2 Господ е моја карпа, моја тврдина и мој избавител, Бог мој, засолниште мое, во кое се засолнувам; мој штит, сила на спасението мое и крепост моја.
3 ќе Го призовувам Господа, достоен за слава и ќе се спасам од непријателите свои.
4 Јажињата на смррта ме испреплетоа, и погубни потоци ме вознемирија;
5 пеколни мрежи ме заробија, смртни стапици ме стегнаа.
6 Во мојот очај Го повикав Господа и кон мојот Бог извикав. И Тој од Својот свет храм го чу гласот мој, и мојот вик стигна до неговото уво.
7 Се затресе и се разниша земјата; затреперија и од темел се поместија горите, зашто Господ се разгневи;
8 се крена дим од Неговите носници и од устата Негова пламна оган, кој проголтува се; вжарени јаглења отскокаа од Него.
9 Ги наведна Тој небесата и слезе, - а мрак падна под нозете Негови.
10 И седна на херувим, па полета и се понесе на ветерни крилја.
11 Од мракот направи Свој заклон, и сенка околу Себе - од густи облаци полни со вода.
12 Од молскање бегаа од Него облаците, градот и огнените јаглења.
13 И загрме Господ од небесата, и Севишниот го пушти својот глас: град и разгорени јаглења.
14 И ги пушти стрелите Свои и ги распрсна, ги распали молњите - и ги растури.
15 Морските дна се појавија, и основите на вселената се разоткрија од страшната закана Твоја, Господи, од здивот на носниците Твои.
16 Тој посегна од висините, и ме прифати, па ме извлече од многуте води.
17 Ме избави од силните мои непријатели и од оние кои ме мразат, од оние што се посилни од мене.
18 Тие се кренаа против мене во денот на мојата несреЌа, но Господ беше потпора моја.
19 Ме изведе Тој на пространо место и ме избави, зашто ме засака.
20 Ме награди Господ според мојата правда, и според чистотата на моите раце ми врати,
21 зашто ги запазив патиштата на Господ и не се оддалечив од мојот Бог;
22 зашто сите заповеди Негови се пред мене, и наредбите Негови не ги отстранив од себе.
23 Бев непорочен пред Него и се пазев од беззаконија.
24 И ми даде Господ според мојата правда, и по чистотата на рацете мои пред очите Негови.
25 Со светиите Ти постапуваш свето, со невин човек - си благ,
26 со чистиот - чисто, а со лукавиот - според неговото лукавство,
27 зашто Ти ги спасуваш угнетените, а горделивите ќе ги понизиш.
28 Зашто Ти го осветлуваш моето светило, Господи; мојот Бог ја осветлува темнината моја.
29 Со Тебе и чети совладувам, со мојот Бог и ѕид ќе прескокнам.
30 Бог мој, непорочен е Неговиот пат, Господовите зборови со оган се пречистени; Тој е заштитник на сите, кои се засолнуваат кај Него.
31 Зашто, кој е Бог, освен Господ, и кој е тврдина освен нашиот Бог?
32 Бог е Оној Кој ме препашува со сила и патот ми го расчистува.
33 Ми ги прави нозете како на елен и ме поставува на височини;
34 ми ги обучува рацете за борба, и мускулите мои ги прави да затегнуваат бронзен лак.
35 Ти ми даде заштита за моето спасение, Твојата десница ме прифати; Твојата поддршка ме издигна.
36 Ми даваш сигурност за чекорите мои, и нозете мои не се подлизнуваат.
37 Ги гонев непријателите мои и ги стигнав, и не се вратив, додека не ги победив;
38 ги притиснав, и тие не можеа да станат, паднаа под нозете мои,
39 зашто Ти ме препаша со сила за борба и ги собори пред мене оние, што станаа против мене;
40 Ти ги натера во бегство непријателите мои, и ги истребив сите оние, што ме мразат;
41 тие повикаа, но немаше кој да ги спаси: и кон Господ, - но Тој не ги чу.
42 Ги иситнив како прав на ветар, ги згазив како кал по патиштата.
43 Ти ме избави од народ бунтовен, ме постави за поглавар над народ, чии луѓе не ги познавав, и тие сега ми служат;
44 тие и мојот шепот го слушаат, туѓинците ми се покоруваат;
45 туѓинците бледнеат и треперат, излегувајЌи од своите тврдини.
46 Да живее Господ, и нека е благословена Карпата Моја! И нека се величи Бог на моето спасение.
47 Бог, Кој одмаздува за мене, Кој ми ги покорува народите,
48 Избавител од моите гневни непријатели! Ти ме возвиси над оние, што стануваат против мене, и ме избави од насилникот.
49 Поради тоа Те славам пред народите, Господи, и го воспевам името Твое;
50 Ти Кој му даваш величествени победи на царот Свој и му правиш милост на Твојот помазаник Давид и на потомството негово - довека.

 

 vinjeta.m.jpg

 ПСАЛМИ

Вовед

Псалмите се најдолгата книга во Светото Писмо. Тие се песни кои се пееле со музичка придружба, или, пак, се рецитирале како молитви. Значителен број псалми се напишани од Давид, но има и од други писатели, како што се Асаф, Мојсеј, Соломон и потомците на Кора. Овие песни биле собирани подолго време и заземале важно место во богослужбите на израилскиот народ.
Името Псалми потекнува од насловот на оваа збирка песни во грчкиот превод на Стариот завет.
Сто и шеснаесет псалми содржат пред-текст кој дава податоци за потеклото, видот и музичката придружба на соодветниот псалм. Можат да се издвојат повеќе видови псалми, меѓу кои:
1. Химни, или славословија кои Го слават Господа. Такви псалми се: 8, 9, 32, 99, 102-104, 110, 112, 113, 116, 134, 135, 144-149.
2. Псалми во кои Господ е прикажан како Цар: 46, 92, 95-98.
3. Псалми за владетелите: 2, 17, 19, 20, 44, 71, 88, 100, 109, 143.
4. Сионски песни: 45, 47, 75, 86, 131.
5. Псалми за верата во Бога: 1, 36, 48, 72, 77, 111, 118, 126, 132.
6. Псалми испеани во неволји: 11, 43, 57, 59, 73, 78, 79, 82, 84, 89, 93, 105, 107, 122, 125, 136
7. Молитви упатени кон Бога, поради несреќи: 5-7, 12, 16, 21, 24, 25, 27, 30, 34, 37, 38, 40-42, 50, 53, 56, 58, 60, 62, 63, 68–70, 85, 87, 101, 108, 119, 129, 139-142.
8. Благодарствени псалми: 9-10, 29, 31, 33, 39, 91, 106, 115, 117.
Инаку и Исус пеел некои псалми, заедно со Неговите ученици (види Мр. 14,26).
Псалмите се цитирани повеќе од сто пати во новозаветните книги. Некои псалми содржат прототипови за Личноста на Исус Христос. На пример, псалмите 21 и 68 ги претскажуваат Христовите страдања, додека псалмите 15, 109 и 117 содржат елементи на Христовото воскресение и слава. Псалми во суштина се состои од пет книги и тоа: 1. Пс. 1-40, 2. Пс. 41-71, 3. Пс. 72-88, 4. Пс. 89-105 и 5. Пс. 106-151.

Извор: БИБЛИЈА

Издавач: Библиско здручение на Р.Македонија

 

 

 


Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Дедо Наум: ПЛАЧОТ - ПОДВИГ КОЈ НИКОГАШ НЕ СЕ НАПУШТА

Воскресението на мртовецот од Наин е симболика на првото просветлување на умот.„И почна да зборува“- тоа го симболизира почетокот на молитвата.

Отец Михаил Трајковски: Света  Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Отец Михаил Трајковски: Света Петка- да и се обратиме со искрена молитва и вера

Светиот Дух ја изобличува нашата совест, а таму каде што нема Свет Дух, таму и не работи совеста, или, доколку некако работи, работи со аномалија. 

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Жарко Ѓорѓиевски: Недела XXI по Педесетница (25.10.2026)

Милоста е заем небесен, во кој Самиот Бог е гарант на заемот - а умилостениот е должник кој не треба да го врати заемот веднаш, но е должен да го...

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

Архива: Митрополит Струмички г.Наум : Личниот опит - патот кон спознанието

И секогаш да бидеме во редовен контакт со нашиот духовен отец и да го прашуваме за она што не ни е јасно од прочитаното, слушнатото или помисленото.

 Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Митрополит Струмички Наум: Уште еднаш за промашените лозари

Што и да се случи, сѐ што е само човечко има и свој крај, а единствен вистински Господар на лозјето е секогаш Бог. Бог нема да го остави тоа да...

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Митрополит Струмички г. Наум: Како човекот станува демоноподобен

Кога бараме само човечка правда и вината ја лоцираме во другите – надвор од себе, тогаш ни се случува енергетско растројство: поголемиот дел од нашата енергија – сакале или не,...

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Митрополит Струмички Наум: Молитвата - најдобра учителка

Секако, молитвата не ја кажуваме механички, туку со свест и чувство Кому се обраќаме. Кога си сам и мируваш – пробај да ја насочиш енергијата на својот ум кон срцето,...

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Моштите на Свети Климент растурени во три држави

Најголемиот дел од моштите на СветиКлиментОхридски се чуваат во манастирот„Свети Пантелејмон" 

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Дедо Наум: Да бевме вистински верници

Да бевме вистински верници, ќе се организиравме, без оглед на разликите во верата, и немаше да дозволиме луѓето пред наши очи толку да страдаат.

« »

Најнови вести

☦ Православен календар

Пост

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Тропар на светиот Христов великомаченик Димитриј 8 ноември/ 26 октомври 2026

Во затворот му се јави ангел Божји и му рече: „Мир на тебе, страдалецу Христов. Биди храбар!“ По неколку дена...

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов  5 ноември/23 октомври  2026

Тропар на светиот апостол Јаков брат Господов 5 ноември/23 октомври 2026

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше...

 Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври  2026

Тропар на светиот Христов подвижник Прохор Пчински 1 ноември/ 19 октомври 2026

Бoг му гo пoкажал мeстoтo кадe ќe сe пoдвизува. Тoа мeстo билo eдна пoлјанка крај рeката Пчиња. Oвдe св. Прoхoр...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная