Монах Павле од Лавра
ЖИТИЕ И СЛУЖБА НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ
Предговор
Нема ништо понеопходно и покорисно за оние што според Божјата заповед го слават монашкиот завет и на кои им е дадено него да го исполнуваат внимателно и со подвиг (а поради страв од Бога - што, пак, е грижливо чување на неговите заповеди), од слушањето за добрите дела на богољубивите мажи и од говорењето за нивните духовни борби и подвизи. Затоа душата на оние што се грижат за своето спасение нека го прифати ова кажување со смирение. Тоа ќе им овозможи полесно да ги исполнуваат Божјите заповеди, зашто патот до царството Божјо е тесен и стрмен.
Се чини дека токму слушањето и говорењето за духовните борби и подвизи им ги усовршува душите на богољубивите мажи и дека тие за нив претставуваат благодатен извор и бујна река. А и мудрите старци за тоа имаат оставено многубројни и разновидни стари записи и творби од разни времиња, од кои секој може да има полза за душата ако ги применува внимателно и со ревност.
Кога земјоделецот зимно време ќе види разлистани дрвја со плодови, тој нема да ја занемари добивката од нив, туку напротив, весело и со радост ќе ги собере плодовите со своите вредни раце, ненаситно ќе ги бакнува со своите усни, ќе ги мириса и нежно ќе ги прегр-нува, зашто иако се предвремени, сепак се убави и добри. Така се осмелив и јас да ви го принесам денес мојот плод, кој, иако предвремен, сепак е убав онолку колку што му дозволува времето. Тој не треба да биде отфрлен поради тоа што не е украсен со соодветните дарови на летото: со чиста боја, со свежина и со секаков друг цвет, туку треба да биде дочекан со љубов, зашто е предвреме раззеленет. Исто е и со морепловците што презимуваат на море, ним појавувањето на една единствена ѕвезда или на некој друг небесен знак им е навистина многу пријатно.
Но, време е да се приложи плодот и, каков и да ви се види тој, сепак, ислушајте го со трпение.
(Повеќе)
http://preminportal.com.mk/content/view/4893/54/