27 септември 2009 год- манастир на св. Никола, с. Љубанци (скопско)
На празникот на Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 105)
Рече Господ во приказна: „Еден човек тргнувајќи на пат, ги повика слугите свои и им го предаде својот имот; и на едниот му даде пет таланти, на другиот два, на третиот еден; секому според силата негова; и веднаш замина. Оној, што зеде пет таланти, отиде, ги употреби во работа и спечали други пет таланти; исто така и оној што зеде два таланта, спечали други два; а оној, што доби еден талант, отиде и го закопа в земја и така го сокри среброто на својот господар. По долго време дојде господарот на тие слуги и им побара сметка. И кога пристапи оној, што беше примил пет таланти, донесе уште други пет и рече: ,Господаре, ти ми предаде пет таланти; ете, сум спечалил и други пет.’ Господарот му рече: ,Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!’ Дојде, исто така, и оној што беше примил два таланта и рече: ,Господаре, ти ми предаде два таланта; ете, со нив спечалив други два.’ Господарот му рече: ,Убаво, добри и верни слуго! Во малку си бил верен, над многу ќе те поставам; влези во радоста на својот господар!’ Пристигна и оној што беше зел еден талант и рече: ,Господаре, те знаев дека си жесток човек: жнееш, каде што не си сеел, и собираш, каде што не си веел; па се уплашив и отидов, та го сокрив твојот талант в земја; ете ти го твоето.’ А господарот му одговори и рече: ,Лукави и мрзливи слуго! Ти знаеш дека жнеам, каде што не сум сеел, и собирам, каде што не сум веел; затоа требаше моето сребро да го дадеш на трговците, па јас кога дојдам, ќе си го приберам своето со добивка; земете го од него талантот и дајте му го на оној што има десет таланти; зашто секому, што има, ќе му се даде и преумножи, а од оној, што нема, ќе му се одземе и она што го има; а лошиот слуга фрлете го во крајна темнина. Таму ќе биде плач и крцкање со заби.“ Откако го рече тоа, извика: “Кој има уши да слуша, нека чуе?“
Старечник
Говореше авва Јаков: „Кога некого го фалат треба да си спомне за своите гревови и да има на ум дека не е достоен за кажаното.“ Уште говореше: „Како што светилката ја осветлува мрачната одаја така и стравот Божји, кога ќе се всели во срцето на човекот, го осветлува и го поучува на сите добродетели и на заповедите Божји.