ПСАЛМ 12
Безнадежна состојба и молитва за помош
1 До кога, Господи, сосема ќе ме забораваш, до кога ќе го одвраќаш лицето Свое од мене?
2 До кога ќе носам бол во душата своја, и ќе жалам во срцето свое дење и ноЌе? До кога непријателот мој ќе се издига над мене?
3 Погледај, слушни ме, Господи, Боже мој! Просветли ги очите мои, за да не заспијам во смрт;
4 да не рече непријателот мој: „Го надвив.” Гонителите мои ќе се зарадуваат, ако потклекнам.
5 Јас, пак, се надевав на Твојата милост; срцето мое ќе се зарадува заради спасението од Тебе; ќе Му пеам на Господ, Кој ми направи добрини и ќе го воспевам името на Севишниот Господ.