18 септември 2009 год- храмот на св. Петка, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 26)
Во она време ги натера Исус учениците Свои да влезат во кораб и да отидат порано од Него на другата страна кон Витсаида, дури Он не го распушти народот. И како се оддели од нив, отиде во гората за да се помоли. Приквечер коработ беше среде морето, а Он сам на суво. И ги виде како се мачат при пловењето, оти ветрот им беше спротивен; а околу четвртата стража ноќта се приближи до нив и, одејќи по морето, сакаше само да помине покрај нив. А тие, штом Го видоа како оди по морето, помислија дека е тоа привидение, па извикаа; оти сите Го видоа и се уплашија. Он веднаш почна да говори со нив и им рече: „Не плашете се! Јас сум, не бојте се!“ И влезе при нив во коработ и ветрот стивна. А тие многу се уплашија и се чудеа во себе; зашто не се вразумија со лебовите, бидејќи срцето им беше скаменето. И кога преминаа, дојдоа во земјата Генисаретска и се задржаа таму.
Во петнаесеттата недела по Педесетницата кога Света Црква го слави споменот на светиот пророк Захарија, светите маченици Јувентин и Максимин и преподобен Атанасиј , во храмот на св.Петка во Скопје, се отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Старечник
Го праша авва Јован Евнух, кога беше помлад, старецот: „Како вие можевте со леснотија да го понесете делото Божјо, а ние ни со напор не можеме да го вршиме?“ А старецот му рече: „Ние можевме, зашто наше главно занимање беше делото Божјо, а на телесните потреби малку внимававме, а вам телесните потреби ви се главно занимање, а делото Божјо не го сметате за неопходно. Затоа се измачувате, и затоа Спасителот им рече на Своите ученици: Маловерни, барајте го најнапред Царството Божјо и сѐ друго ќе ви се придаде.“