Почитувани пријатели, Ве молам помогнете доколку сте во можност... Се бара крвна група А негатив за дете (Филип) болно од леукемија.
Контакт телефон: 070XXXXXX
НАДОПОЛНУВАЊЕ ИЗВРЕШНО НА 23.01.2011
Почитувани посетители, овој апел беше објавуван на интернет пред повеќе од една година, од кога датира и оваа вест објавена на Преминпортал.
До сите добронамерници кои сакаа да помогнат: Да се помолиме тивко, од длабочините на нашата душа за покој и спасение на душата на починатото Божјо чедо Филип. Вечнаја памјат!
+++
Господи, Љубов неискажлива, сети се на Твоите чеда упокоени!
Да се помолиме за покој и спасение на Божјото чедо Филип и да му биде вечен спомен.
Со светите упокој ја, Христе Боже, душата на твојот упокоен раб (името) во место каде нема ни болка, ни мака, ниту воздишка, но живот бесконечен.
Господи, дај ни дар на пламена молитва за упокоените, Господи, сети се на сите кои ни заповедаа ние недостојните да се помолиме за нив и избриши ги нивните гревови, прими ги во твојата населба сите кои ненадејно во жалост или радост починале.
Сите кои во цветот на младоста, на кои на земјата им припадна трнливо страдање; сите кои не ја доживеаа земната среќа, подај им, Ти Самиот, Господи, по милосрдието Твое бескрајна љубов.
Прими ги, Господи, во рајските живеалишта момчињата и девојчињата кои починале и удостој ги да ликуваат на вечерата на Синот Твој.
Ублажи ја, Господи, жалоста на родителите за изгубените деца.
Господи, Љубов неискажлива, сети се на Твоите чеда упокоени!
(од Акатистот за упокоени)