Во неделата, на 21-ви Октомври, во црквата Св. Петка од Чикаго во текот на на Светата Божествена Литургија парохискиот свештеник прота Стојан Стојанов отслужи Панахида за упокоеното Божјо чедо Тодор (Тоше) Проески.
Верниците со огромна почит и со запалени свеќи во рацете се молеа за покој на душата на оној, кој преку својот живот, на дело ги оправда зборовите на Св. Павле: Љубовта не се превознесува, не се гордее, не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува, се извинува, во се верува, на се се надева, се претрпува, љубовта никогаш не престанува.
Вечнаја памјат!
Душа јего во благих водворатсја и памјат јего в род и род!
Macedonian Orthodox Church "St. Paraskeva - Petka" from Chicago
Makedonska Pravoslavna Crkva "Sv. Paraskeva - Petka" od Cikago
посети:{moshits}