Парохиските свештениците од МПЦ „Раѓање на Пресвета Богородица“ од Стерлинг Хајц, Мичиген, САД, протереј Синиша Ристовски и свештеник Горан Трпчевски, остварија средба со генералниот конзул на Република Македонија во Детроит, САД, Неговата Екселенција г-дин Игор Дуковски.
На средбата стана збор за тековните прашања од животот на нашите парохијани, а сè потенцираше и одличната соработка која црковната општина ја има со конзулатот и се разговараше за уште поплодна соработка помеѓу црквата и државата на сите полиња. Црковната заедница во Детроит е најголема во САД и големи се врските на нашите сонародници со нашата татковина.
За таа цел и за подобра информираност на парохијаните за услугите кои можат да ги добијат во Македонскиот конзулат во Детроит, една страна од црковниот месечен билтен е отстапена за информации од конзуларна природа.
Во срдечен разговор, исполнет со многу идеи за понатамошна соработка, договорени се идни заеднички активности за популаризација на нашата црква и нашата држава во областа која е во надлежност на црковната општина и конзулатот.