Свето Евангелие од светиот апостол Марко (зач. 2)
Во она време, дојде Исус од Назарет Галилејски и се крсти од Јована во Јордан. И кога излегуваше од водата, веднаш виде како се отвораат небесата, и Духот, во вид на гулаб, како слегува над Него. И се чу глас од небесата: „Ти си Мојот возљубен Син, Кој е по Мојата волја.“ Веднаш потоа Духот Го изведе во пустиња. И беше таму, во пустињата, четириесет дни искушуван од сатаната; беше со ѕверови и ангелите Му служеја. А потоа, кога Јован беше предаден, дојде Исус во Галилеја и ја проповедаше радосната вест за царството Божјо, и велеше: „Времето се исполни и царството Божјо наближи, покајте се и верувајте во Евангелието.“
Ќерка на римскиот презвитер Гавиниј, а внука на папата Гај. Гај и Гавиниј беа од царски род и роднини на тогашниот цар Диоклецијан. Овој цар имаше некој посинок Максимијан Галериј, којшто сакаше да се ожени со Сузана.
Но Сузана Му беше целата предадена на Господ Христос и не сакаше воопшто ни да слушне за брак, а особено не за брак со некрстен човек. Оние што ја просеа за царскиот син, големците Клавдиј и Максим, Сузана ги обрати во Христовата вера, нив и нивните цели домови. Разјарен заради ова, царот нареди та џелатите ги одведоа Клавдиј и Максим со нивните семејства во Ости, каде што ги изгореа на оган и пепелта од нив ја фрлија во морето. Сузана пак, беше убиена со меч во куќата на Гавиниј. Жената на царот, Сирена, потајна христијанка, ноќе го зеде телото на маченичката и чесно го погреба. А папата Гај ја претвори онаа куќа во којашто ја погубија Света Сузана во црква и во неа служеше служби. Наскоро по страдањето на оваа Христова невеста пострада и нејзиниот татко Гавиниј и чичко ѝ, папата Гај. Чесно пострадаа за Христа и примија венци на невенлива слава во 295 и 296 година.