Православните верници во Виена го славеа Преображението Божјо и во храмот Св.Николај Чудотворец- руски Соборен храм. Иако работен ден, храмот беше претесен да го прими верниот народ...Денес, да го славиме празникот само со една мисла: Господе Исусе Христе, преобрази ги душите наши, како што ги преобрази .Апостолите, како што низ векови го чиниш тоа кај твоите верни чеда...Тоа беше дел од зборовите со кои се обрати Епископот Марк Головков на верниот народ во беседата по одслужената Литургија и ги покани присутните на чај и празнична закуска. А во нас, верниците од Македонја, пламтеше уште поголем пламен, следниот празник да си го празнуваме во нашиот храм Св.Наум Охридски во Виена...Нека е за многу години празникот браќа и сестри во Христа.
По Благослов на Епископот Марк , за Вас од Виена известува А.Л.