Ова патување се организира во чест на Свети Никола како и во чест на поставуање на каметемел за изградба на новиот православен храм посветен на Свети Никола во Бари.
1 ДЕН (18.09.2009 петок) : Состанок на групата во 11.30 часот пред Соборниот Храм “Свети Климент” во Скопје, а потоа заминување со автобус кон Струга и граничниот премин Ќафасан, пристигнувањето во Драч е предвидено во 20.00 часот, каде патниците ќе бидат сместени на брод и патувањето ќе продожи ноќе.
2 ДЕН (19.09.2009 сабота) : Пристигнување во пристаништето на Бари е предвидено во утринските часови. Најпрвин ќе се посети базиликата “Свети Никола”, потоа катедралата “Сан Сабино”, Норманскиот Замок и дел од стариот град Бари, потоа ќе се замине во хотел каде што поклониците ќе бидат сместени во хотел. По сместувањето во хотел, предвидено е факултативна посета на Алберобело, единственото салаш село во светот, заштитено од УНЕСЦО по оваа посета ќе биде организиран шопинг во Бари до 20.00 часот, а потоа заминување во хотел.
3 ДЕН (20.09.2009 недела) : Будење и појадок во хотелот, а потоа заминување за Бари каде ќе се присуствува на чинот на поставување на каментемелот на новиот православен храм посветен на “Свети Никола” (од 10.30х до 12.30х), по завршувањето на овој чин ќе биде организирана факултативна посета на градот Битонто и на базиликата Св.Кузман и Дамјан каде што поклониците ќе можат да се поклонат на светите мошти од светителите. По оваа посета, предвидено е враќање во Бари и сместување на брод во 21.00 часот и продолжување на патот за Драч.
4 ДЕН (21.09.2009 понеделник) : Пристигнување во пристаништето во Драч во утринските часови, а потоа ќе се продолжи со патувањето кон Ќафасан и Скопје. Пристигнување во Скопје е предвидено во попладневните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 135 €
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: Влезна шенген виза, патничкото осигурување, автобуски превоз, сместување во хотел на база 1 Н/П, бродски превоз на релација Драч - Бари - Драч.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: Посета на Алберобело (10 € - по лице), Посета на градот Битонто (5 € - по лице)
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА: Пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), 1 слика (пасошко формат), копија од пасошот, копија од М1/М2 формуларот од работа, копија од работничка книшка (стр. 1-5), копија од здравствена книшка, како и решениое од работа за платен одмор. Формуларите за барање на виза ќе бидат во канцеларијата на Архиепископијата во Скопје.
Последен рок за пријавување е 01.09.2009.
За сите информации може да се обратите на Проф. Момчило Павловиќ
секој ден по 14.00х на тел. 070 582 588
или Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
ЗА СТУДЕНТИ: копија од индекс (стр.1-2), страницата каде е заверен семестарот и страница од положените испити, потврда од факултет дека е редовен студент како и документи од родителите, копија од формулари М1/М2 од работа, копија од работната книшка (стр.1-5), копија од здравствената легитимација (стр. 3-4)
ЗА ПЕНЗИОНЕРИ: пасош (со важност од минимум 6 месеци од денот на враќањето), една слика (пасошки формат), копија од пасошот, копија од последниот чек за пензија и копија од здравствената легитимација (стр.3-4).
{moshits}