19 јули 2009 год- Марков манастир, с. Маркова Сушица (скопско)
Утрена богослужба
Божествена Литургија
Во шестата недела по Педесетницана, на денот кога Светата Црква го слави споменот на преподобен Сисој Велики, светите маченици Марин и Марта и нивните синови Авдифакс и Авакум, свештеникот Валентин, Кирин, Астериј и многумина други, светата маченичка Лукија, во Марков манастир (скопско), отец Драган Димишковски отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 29)
Во она време влезе Исус во еден кораб, се врати назад и пристигна во Својот град. И ете, донесоа при Него еден фатен, положен на постела. Па кога ја виде Исус нивната вера, на фатениот му рече: „Не плаши се, чедо! Ти се простуваат гревовите твои!“ Тогаш некои од книжниците рекоа во себе: „Овој богохулствува.“ А Исус штом ги разбра мислите нивни, рече: „3ошто мислите лошо во срцата ваши? Или, што е полесно? Да кажам: ‘Ти се простуваат гревовите твои!’ или да кажам: ‘Стани и оди!’? Но за да знаете дека Синот Човечки има власт на земјата да проштава гревови.“ Тогаш му рече на фатениот: „Стани, земи си ја постелата и оди си дома!“ И тој стана, ја зеде постелата своја и си отиде дома. А народот кога го виде тоа, се зачуди и Го прослави Бога, Кој им дал таква власт на луѓето.
По Литургијата
Посети: {moshits}