логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка


Mозаиците „Македонија - светла земја“ и „Македонија - земјата памети“ како симбол на македонската историја и култура

Mozaici.Cemerski.jpg

Мозаик  „Македонија - земјата памети“

Скопје, 17 јули (МИА) - Мозаиците „Македонија - светла земја“ и „Македонија - земјата памети“ од познатиот сликар Глигор Чемерски вечерва за првпат беа јавно презентирани пред пошироката културна јавност.

Mozaici.Cemerski.jpg

Мозаик  „Македонија - светла земја“

Мозаиците со димензии 7,5 метри х 4 метри и 4,5 метри х 4 метри се поставени на два ѕида во Свечената сала на претседателската резиденција и преку нив е претставена Македонија низ вековите, нејзината култура и историја.

Mozaici.Cemerski.jpg

 Претседателотна република Македонија г-дин  Ѓорге Иванов, кој присуствуваше на промоцијата, рече дека мозаиците се поставени да ја красат просторијата во која пред многуте пријатели од светот ќе се зборува за Македонија и за нејзините граѓани.  

- Но, уште поважно тие ќе бидат покрај нас, на сите историски важни средби и разговори. Ќе бидеме покрај нив и кога ќе се носат клучните одлуки за иднината на нашиот народ и за нашата татковина, подвлече претседателот Иванов.

Mozaici.Cemerski.jpg

Авторот Чемерски изрази задоволство што онака како што е претставена Македонија на мозаиците многумина ја препознаваат како своја.

- Имам впечаток дека ме послужи среќата. Од првите скици се одеше лесно, без отпор и тоа беше убав знак. Реализацијата на мозаикот не оди така лесно. Тоа е многу материја и има разни фази. Меѓутоа, сите тие тешки фази се забораваат кога ќе се исправи мозаикот, ќе застане вертикално пред нас и напорот исчезнал, а големата камена слика се родила сама од себе, рече меѓу другото авторот Чемерски. бак/21:25

 Mozaici.Cemerski.jpg

Mozaici.Cemerski.jpg

Mozaici.Cemerski.jpg


Mozaici.Cemerski.jpg

  Обраќање на Претседателот на Р. Македонија г-дин Ѓорге Иванов при претставувањето на мозаиците во Свечената сала
 

Почитувани гости, почитувани претставници на медиумите

Ви благодарам што дојдовте денес, во толкав број, на денешната презентација на ова уметничко дело. Македонија и самата е мозаик на слики, на бои, мозаик на вери, јазици и различности кои даваат една извонредна заедничка слика.

Мозаикот е единствен систем на творечко мислење. Мозаикот бил и останал ракување со милениумите и дијалог со цивилизациите.

Кај мозаикот важно е да се погоди растојанието и аголот. Ние, кои сме тука, во центарот, можеби некогаш не можеме се да видиме јасно. Се случува, луѓето кои доаѓаат од надвор, кои сликата ја гледаат од далеку, да видат нешто ново. Ќе ни укажат на работи кои ние не ги гледаме во својата татковина - и добри и лоши.

Понекогаш ќе забележат нешто вредно, кое ние сме го пропуштиле. Понекогаш ќе ни укажат на нешто што не чини, а на кое ние веќе сме се навикнале. Токму во оваа просторија, меѓу овие мозаици, ќе се отвораат и разгледуваат тие разлики во перцепцијата.
 
Почитувани, сигурно дека во оваа просторија ќе има многу пријатни и важни настани. Настани на кои потоа ќе се сеќаваме со гордост, по кои ќе имаме чувство дека сме направиле нешто важно за својата земја. Воедно, тука сигурно ќе има и многу тешки и неизвесни настани. Ќе има мигови кога ќе мораме да носиме судбоносни одлуки.

Добро е што во тие мигови ќе можеме да погледнеме кон овие мозаици и да се присетиме на Македонија и нејзините главни ликови. Ако погледнете повнимателно, ќе забележите дека централните ликови на мозаиците не се просветителите, генералите или убијците на змејови. Тоа се обичните луѓе.

Главниот јунак тука и денес е Македонецот, опкружен со своите ангели, воини и херои. Затоа, овие дела не потсетуваат дека сите ние можеме да постигнеме нешто. Но и воедно, дека сите историски личности кои ние денес ги славиме, биле обични луѓе кои решиле да преземат одговорност и да направат нешто за своите собраќа, за својата земја. Наша работа некогаш ќе биде да инспирираме и да водиме со пример. А, некогаш ќе треба само да им отвориме пат на луѓето да покажат се што можат.

И како што зборот кај писателот е почеток на микрокосмосот, така кај уметникот калиографската буква е лак на прелевање од едно камче во друго. Погледот кон мозаиците отсегогаш е поглед на воодушевување. Погледнете од едната страна –Македонија светла земја – наспроти , Македонија, земјата памети - на средина сите ние  можеби и самите дел од нашите архетипски мотиви и емотивна константа на незаборавот.

Ви благодарам

Mozaici.Cemerski.jpg


Од промоција на делото на Глигор Чемерски во резиденцијата на претседателот на Р. Македонија :

 Акад. Митко Маџунков-  Три сонца над Македонија на мозаичкиот диптих на Чемерски -

Mozaici.Cemerski.jpg

   Mozaici.Cemerski.jpg

Mozaici.Cemerski.jpg

Mozaici.Cemerski.jpg

 Mozaici.Cemerski.jpg


Mozaici.Cemerski.jpg

Mozaici.Cemerski.jpg

Посети: {moshits}

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

« »

Православен календар

 

15/01/2025 - среда

Свети Силвестер, eпископ Римски; Преподобен Серафим Саровски; Света Теодота; Преподобен Амон; Претпразненство на Богојавление;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Тропар на светата Геновева 3 јануари / 16 јануари 2025

Во вечниот ден Господов,лице в лице проповеда Апостолот да се видиме, а ти Пророче на Христовото доаѓање,со Ангелот вазден собеседеше, благодатта...

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Тропар на светиот преподобен отец Серафим Саровски 2 јануари /15 јануари 2025

Од младоста Христа си го засакал, Блажен,    на Него Единствениот огнено си сакал да Му служиш.   Си се...

Тропар на Обрезание Господово  1 јануари / 14 јануари 2025

Тропар на Обрезание Господово 1 јануари / 14 јануари 2025

 Ти Кој седиш на огнозрачен   Престол  на висините,    со Твојот Беспочетен Отец      и со Божествениот Дух,  си благоволил     ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная