17 јули 2009 год.- Соборен храм на св. Климент Охридски, Скопје
Свето Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 55)
Рече Господ во приказна: „Царството небесно прилега уште и на драгоценост, сокриена во нива, која ја нашол човек и прикрил, па, од радост за неа, отишол и продал сè што имал, и ја купил таа нива. Царството небесно прилега и на трговец, кој бара убави бисери; па, штом најде едно зрно скапоцен бисер, оди и продава сè што има и го купува. Царството небесно прилега, исто така, и на мрежа, која се фрла во морето и уловува секакви риби: и кога ќе се наполни, ја извлекуваат на брегот и седнуваат, па добрите риби ги собираат во садови, а лошите ги фрлаат. Така ќе биде и при свршетокот на светот: ќе излезат ангелите и ќе ги одделат лошите од праведните, и ќе ги фрлат во вжарена печка: таму ќе биде плач и крцкање со заби.“ И ги праша Исус: „Дали го разбравте сево ова?“ Тие Му одговорија: „Да Господи!“ А Он им рече: „3атоа секој книжник, кој се научил за царството небесно, прилега на домаќин што изнесува од своето сокровиште ново и старо.“ И, откако ги кажа Исус овие параболи, си замина оттаму. А штом дојде во Својот роден крај, го поучуваше народот во синагогите нивни.
Во шестата недела по Педесетницана, на денот кога Светата Црква го слави споменот на свети Андреј, архиепископ Критски и света Марта , во Соборниот храм на св. Климент Охридски , во Скопје , отец Драги отслужи Божествена Литургија. На Литругијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Посети: {moshits}