логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 


  


Празникот посветен на преподобниот Наум Охридски Чудотворец, во Дебарско-кичевска епархија торжествено со празнични богослужби беше прославен во неговиот манастир кој се наоѓа на јужниот брег на Охридското Езеро. Вечерта, на 02.07.2009 г., со почеток во 19 часот започна празничната Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополит повардарски г. Агатангел во сослужение на: архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, архимандрит Партениј, игумен на манастирот „Свети Јован- Бигорски“, како и повеќемина други свештенослужители од епархијата. По завршувањето на богослужбата Митрополит Агатангел со боговдахновено слово се обрати кон верниот народ. Како и претходните години, така и оваа година илјадници верници дојдоа да се поклонат и помолат на гробот на великиот Чудотворец. Утредента, со почеток во 7:30 часот свештенослужителите ја започнаа празничната Утрена богослужба, а во 9 часот започна божествената архиерејска Литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на Митрополит Повардарски г. Агатангел, архимандрит Нектариј, архимандрит Партениј, протојереј-ставрофор Ефтим Бетински, протојереј Тоди Јован (Албанска Православна Црква), свештеник Зоран Данев, јеромонах Доситеј како и ѓаконите Димче Азески, Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Верниот народ кој со пост и молитва се подготвувал пристапи кон светиот Путир причестувајќи се со Крвта и Телото на нашиот Спасител Господ Исус Христос. По завршувањето на божествена Литургија, Архиереите заедно со свештенослужителите излегоа во дворот на манастирот каде што извршија мал Водосвет, ги благословија и прекршија празничните лебови и го осветија мозаикот на светиот Наум. Кон верниот народ Митрополит Тимотеј се обрати со празнично слово кое интегрално ви го пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас (1 Тим. 1, 15).

Драги браќа и сестри,

Еден многу мудар човек честопати им зборувал на луѓето: „Има многу начини човек да падне, но има само еден да стане“. Секое зло и секој грев кои човек ќе ги направи во својот живот претставуваат паѓање во кал и честопати во голема и погубна јама. Има многу гревови, толку многу колку што има и грешници во овој свет. Светиот апостол и евангелист Јован е во право кога вели: Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас (1 Јн. 1, 8). Но најголем грев е човекот да ја изгуби совеста дека погрешил, или пак да мисли дека не е одговорен ниту пред Бога ниту пред луѓето за своите дела, односно недела.

Многу е важно човек да сфати дека погрешил. Но само тоа не е доволно. Мора, покрај тоа, да ја доживее и Божјата благодат која го води со вера во Неговата љубов и милосрдие, опростување, мир и нов живот. Поинаку речено, без оваа вера гревот го води човекот во очај.
Еден млад свештеник честопати им зборувал на луѓето во црквата за гревовите. Но недоволно ја нагласувал Божјата благодат и љубовта кон луѓето ниту, пак, Божјото опростување. Тој повеќе зборувал за ѓаволот, кој ги наведува луѓето на грев во овој свет. Но така, во една прилика, му пристапил еден стар и побожен човек и му рекол: „Оче, зборувавте долго но погрешивте, бидејќи го прикажавте ѓаволот како посилен од Бога во овој свет, наведувајќи ги луѓето кон злото. Не заборавај што запишал свети Јован Богослов: Вие сте, чеда, од Бога и нив сте ги победиле; зашто Оној, Кој е во вас (Бог),е поголем од оној што е во светот (ѓаволот) (1 Јн. 4,4)“.

„Верен е тој збор и достоен е сосема да се прифати: Христос Исус дојде во светот да ги спаси грешниците, меѓу кои сум прв јас“, вели св. ап. Павле во Првото послание до Тимотеј. Тоа значи дека во светот постои нешто што е многу поголемо и посилно од сите човечки гревови. Христос е дојден во светот да ги спаси грешниците. Првите Негови зборови упатени кон луѓето биле „покајте се“ (Мк. 1, 15). Тоа значи почнете да ги согледувате своите гревови, почнете да ја мерите тежината на тоа време, изменете се, преобразете се! „Не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците на покајание. Здравите немаат потреба од лекар, туку болните“ - вели нашиот Спасител, Исус Христос (Мт. 9, 13-12). Го прашале еден лекар како може да трпи и мирно да ги гледа маките, болките и страдањата на тешко болните што ги лекува. А тој одговорил: „Јас секогаш ја набљудувам болеста гледајќи како да ги излечам“. И Христос Спасителот ги гледа гревовите на луѓето како тешки болести. И грешниците ги набљудува со љубов, жалејќи за нивните страдања. Има речено дека човекот повеќе се радува на една изгубена овца што ќе се најде отколку на деведесет и деветте што не се изгубени. Така Бог се радува на еден грешник што ќе се врати со покајание при Него. Еден свештеник говорел за илјада гревови кои луѓето ги прават. И за илјада патишта по кои луѓето залутуваат во планината на животот, правејќи многу престапи. Меѓутоа само еден е патот по кој мора да се појде враќајќи се од многуте патишта што нè навеле на зло и нè однеле во грев. Тој единствен пат е патот на Исус Христос. Тоа е патот по кој човекот мора да се врати кон Бога, Кого го оставил. Тоа е патот на љубовта кон Бога и кон ближните, кои биле изгубени. Тоа е патот на верата во победата на доброто кон злото што го правел. Тоа е патот на надежта и милосрдието кое е заборавено. Ние знаеме од една молитва на свети Ефрем Сирин како треба да се молиме за да ги видиме своите гревови. „Господи дај ми дар да ги видам своите гревови и да не го осудувам својот брат“. И да завршиме со оваа молитва: Верувам, Господи, и исповедам дека Ти си син на живиот Бог, Кој си дошол во светот да ги спасиш грешниците од кои првиот сум јас“. За сите луѓе, па и за мене, Ти си дошол на светот и си бил распнат на крстот. За сите нас си воскреснал од мртвите за да добиеме прошка за нашите гревови и живот вечен.

 И денеска прославувајќи го нашиот голем подвижник и молитвеник свети Наум, охридскиот чудотворец, наоѓајќи се покрај неговиот свет гроб со искрена молитва да се обратиме кон него за да ни даде мудрост да ги согледаме нашите престапи и гревови, да се вратиме од погрешните патишта, да го засакаме патот Христов, и да одиме по него пребродувајќи ги и набљудувајќи ги сите искушенија и бури во ова животно море. По молитвите на свети Наум да стасаме во тивкото пристаниште преку исполнувањето на сите закони и прописи на нашата света Црква и да добиеме вечен живот заедно со останатите Божји угодници. По молитвите на свети Наум така нека биде. Амин!

03. 07. 2009 година
манастир „Свети Наум Охридски“

 


dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Архива: Митрополит Европски Пимен: Свети Науме имај не на ум

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Која е таа цел?

Која е таа цел?

„За жал, постои незнаење кај луѓето што се надвор од Црквата, но и кај многумина што се во Црквата.Тие мислат дека целта на нашиот живот е, во најдобар случај, само...

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

« »

Најнови вести

Православен календар

 

20/01/2025 - понеделник

Собор на свети Јован Предвесник и Крстител; Светиот маченик Атанасиј;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Тропар на светиот отец Георгиј Хозевит 8 јануари / 21 јануари 2025

Голем молитвенику пред Господа, подвижнику во смиреномудрието,  учител на монасите во трпението, \ Георгие оче наш преподобен,  застапи се пред Бога...

Тропар на Собор на  св Јован Крстител     7 јануари / 20 јануари 2024

Тропар на Собор на св Јован Крстител 7 јануари / 20 јануари 2024

Глас 2     Споменот на праведникот е со пофалби,  а тебе ти е доволно и сведоштвото на Господа, Претечо, оти навистина...

Тропар на Богојавление  6 јануари / 19 јануари 2025

Тропар на Богојавление 6 јануари / 19 јануари 2025

     Кога во Јордан Те крштеваа Тебе Господи,       се покажа поклонувањето на Пресвета Троица:      Родителскиот глас сведочеше...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная