Црковната општина “Успение на Пресвета Богородица” во Лос Ангелес, која е неделлив дел од Македонската православна црква, се збогати со уште еден член. Денес на 5.јули 2009 год. кога Светата Црква го празнува споменот на свестеномаченик Ефсевиј Самосадски, веднаш по светата Литургија, во присуство на многу роднини и пријатели се изврши крстевањето над Саша. Ова се редки моменти бидејќи црковната општина е мала по бројност, па затоа сакаме оваа радост да ја споделиме со сите браќа и сестри, кои ги посетуваат страниците на Преминпортал. Со молитвени желби, посакуваме, Господ да дава принови во секој дом, Сасха нека биде радост на нејзините родители и да израсне во добар член на Христовата Света Црква.
Известува: отец Ристо Ристовски