Продолжуваат градежните работи на Соборниот храм на Македонската Православна Епархија за Европа.
Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во неделата на Сите Светии, 14.06.2009 година, после Светата Литургија во дворот на Соборниот храм посветен на Свети Наум Охридски во Малме -Шведска, се изврши осветување на пете крстови што ќе се поставата на куполите од црквата.Чинот на осветувањето го изврши парохискиот свештеник во МПЦО „Св.Наум Охридски“ – Малме, прота-ставрофор Блажо Кожарски.
Крстовите ги изработи ЕМО од Охрид. Ги спонзира Агенција за иселеништво при влада на Република Македонија.
Прота-Ставрофор Блажо Кожарски