Вчера вечер со својата работа заврши IV предсоборно всеправославно собирање. Тоа започна во Недела на Педесетница со соборна архиерејска Света Литургија во храмот „Св. Ап. Павле” во Православниот центар на Цариградската Патријаршија во женевското преградие Шамбези и продолжи според својата програма цели пет работни денови. Беа дискутирани и конечно прифатени принципите на уредување на православната дијаспора по светот кои се надвор од каноничните територии на поместните автокефални православни цркви, како и правилникот за работата на собранијата(синодите) на каноничните епископи во определените 12 региона по различните континенти.
Сиве овие документи биле подготвени на меѓуправославни подготвителни комисии уште през 1990, 1993 и 1995 г. и требало през 1999 г. да бидат прифатени од предсоборното собирање како готови документи на идниот Свет и велик собор на Православната црква. Но тогаш конфликтот меѓу Руската и Цариградската патријаршија поради новоуредената Естонска црква го осуетија проведувањето на собирањето. За да се оствари тоа собирање беше потребно дури десет години. Во ова собирање учество зедоа 26 делегати и 12 свештеници од 14 афтокефални цркви. За прв пат не беа поканети делегати од автономните цркви во Финска и Естонија.
Подготви : Зоран Мамучевски
Извор: www.dveri.bg