14. 06. 2009 год.- храм Рождество на Пресвета Богородица, Скопје
Евангелие од светиот апостол Матеј (зач. 38, 79)
Рече Господ на Своите ученици: „Секој што ќе Ме признае Мене пред луѓето, ќе го признаам и Јас него пред Мојот Отец небесен. А кој ќе се одрече од Мене пред луѓето, и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец небесен. Немојте да мислите дека дојдов да донесам мир на земјата; не дојдов да донесам мир, туку меч. Зашто дојдов да разделам човек од татка си, и ќерка од мајка си, и снаа од свекрвата нејзина. И непријатели на човека ќе бидат неговите домашни. Кој милува татко или мајка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој милува син или ќерка повеќе од Мене, не е достоен за Мене; и кој не го земе крстот свој и не оди по Мене, не е достоен за Мене. Тогаш Петар одговори и Му рече: „Ете, ние оставивме сè и по Тебе одиме: што ќе стане, пак, со нас?“ А Исус им рече: „Вистина, ви велам, дека вие што врвите по Мене, при повторното раѓање, кога Синот Човечки ќе седне на престолот на славата Своја, ќе седнете и вие на дванаесет престоли и ќе судите над дванаесетте Израилеви колена; и секој што остави куќа, или брат, или сестра, или татко, или мајка, или жена, или деца, или Свето ниви, заради Моето име ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен. И мнозина први ќе бидат последни, а последните први.“ (http://www.mpc.org.mk/pouka.asp)
Старец Софрониј
Никогаш не треба да се споредуваме себеси со ниедна личност! Секој од нас, колку и да е малечок, голем е пред Вечниот.
Посети: {moshits}