Скопје - 13. 06. 2009 год.
На 12 и 13 Јуни 2009 година, на падините на "Скопско кале" се одржа Петтиот интернационален мото фестивал во организација на МК Ноќни Волци од Скопје. На фестивалот во Скопје се собра импозантна бројка од над илјада моторџии од Р. Македонија, и десетина европски земји. Фестивалот помина во извонредно пријателска, дружељубива и топла атмосвера, и бројните учесници низ забавни и во такмичарски дух игри, беа пријатни домаќини на сите добронамерни гости. Како најголема атракција се смета вечерашниот настапот на Архангел по скоро 10 годишна пауза.
Посети:{moshits}