На Архиерејската Литургија отслужена на 17.05.2009 година, во Соборниот храм на Повардарската епархија
Св. вмч. Пантелејмон во Велес беше донесен Благодатен оган од Светиот Гроб, кој со своето слегување ги уверува
христијаните дека Христос навистина воскресна.
На Литургијата чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на свештеници од Велес.
Присутните си ги запалија своите свеќи од Божествениот пламен за здравје и спасение и ги понесоа во своите домови.
Повеќе: Повардарска епархија